(ФОТО) Кејт Мидлтон на Вимблдон одушеви со стајлингот

Вчера се играше финалето во машка конкуренција на Вимблдон, а на финалнат средба помеѓу Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон, имаше многу славни личности, глумци, пејачи, а меѓу нив и Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.
Повторно, како и претходниот ден, не привлече нејзиниот фустан. Да потсетиме, Кејт во саботата со Меган Маркл беше на Вимблдон, а во таа пригода носеше фустан кој многу се разликуваше од неделниот. Додека во саботата се одлучила за бел, опуштен фустан со шара, Кејт вчера пристигнала во јако жолт фустан.
Фустан кој ја следи фигурата на Кејт, со должина малку преку колената, и има куси лелеави ракави.

Одлична фризура
Како и во саботата и вчера Кејт привлече и со фризурата. Лесните локни се одлична летна варијанта која одлично и прилега, а која ја имала и претходниот ден.
Се чини дека Кејт има посебни трикови за одржувње на косата, бидејќи фризурата и е скоро секогаш постојана. Принцот Вилијам пак носел црни панталони, светлосина кошула, црна кравата и сиво палто со шара.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …