(ФОТО) Вимблдон: Финале за жени – Анѓелик Кербер и Серена Вилијамс во битка за трофејот!

Во финалето на тенисерки на годинешниот, инаку, трет, Грен слем во сезоната, Вимблдон, ќе играат Германката Анѓелик Кербер и Американката, Серена Вилијамс.
Кербер во полуфиналето ја совлада Јелена Остапенко со 6:3, 6:3, додека Вилијамс беше подобра од Јулија Ѓерѓес со 6:2, 6:4.
Тоа ќе биде реприза на финалето пред отприлика две години во Ол Ингланд Клуб, а тогаш Вилијамс славеше со 7:5, 6:3. Тоа беше последен од седумте наслови за Серена Вилијамс во Вимблдон, а големата 36. годишна Американка денес ќе го има својот јубилеен 10. настап во завршницата на овој турнир.
Вилијамс досега, во текот на кариерата, освоила 23. Грен слем титули во поединечна конкуренција и со денешната победа би се изедначила со Австралијката, Маргарет Корт. Тоа воедно би било и прва титула за Вилијамс после минатогодишниот Австралија Опен и породувањето.


Кербер во досегашната кариера освоила две Грен слем титули, и двете во 2016. година – Австралија Опен и УС Опен. Во Австралија ја совладала токму Серена Вилијамс.
Директниот пренос од финалето кај дамите, на Вимблдон, е зкажано за 15. часот со директен пренос на Спорт клуб 1. Но, со оглед на тоа дека доигрувањето на полуфинлниот меч помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се игра до 14. часот, исто така на Централниот терен, можни се и одредени промени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …