(ФОТО) Вимблдон: Андерсон чека – Надал и Ѓоковиќ битката за финале ја продолжуваат денес

Скоро три часа играа Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал и одиграа три сета. Новак води со 2:1, а победникот ќе го добиеме денес.
Надал и Ѓоковиќ покажаа феноменален тенис, но мечот продолжува денес во 14. часот. Доколку и двајцата тенисери не се согласат на отворање на кровот, за продолжување на мечот кровот повторно ќе биде затворен за да се добијат истите услови во кои и започнал.


Мечот денеска ќе биде продолжен на истото место, на Централниот терен со директен пренос на Спорт клуб 1 и Еуроспорт 2.

Резултатот пред прекинувањето му оди на рака на српскиот тенисер кој оди со 2:1 – 6:4, 3:6, 7:6 (11:9).

Првиот полуфинален меч на Џон Изнер и Кевин Андерсон траеше шест часа и 36. минути, што е втор најдолг меч во историјата на тенисот.
„Нозете многу ме болат, стапалата ми се натечени. Во идеални услови би сакал да излезам на теренот и да го удирам топчето половина час… Никогаш не сум играл толку долг меч, не знам колку ќе бидам подготвен за наредниот. Ќе видиме како се ќе се одвива“ изјавил 32. годишниот Андерсон.

Јужнофриканецот во мечот на Цетралниот терен славеше по сетови 7:6, 6:7, 6:7, 6:4, 26:24. Одлучувачкиот сет на разлика траел два часа и 55. минути.
„Се надевам дека ваков дуел нешто ќе промени. Наместо играње на разлика до крај можеби би требало да се воведат некои граници. Да кажеме ако е 12:12 во одлучувачкиот да се игра тајбрек. Мислам дека тоа би било фер. Во најголеиот број на мечеви не би ниту доаѓало до тоа, но би било заштитено здравјето на играчите. Да се биде на терен волку долго може да биде штетно за здравјето“, додал осмиот играч на светот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Меган Маркл како вистинска дама на Холивуд: Носела интересен летен стајлинг

Меган Маркл отсекогаш имала вкус… Меган Маркл и принцот Хари викендов беа домаќини на хуманитарен …