(ФОТО) „Љубојна“ стави крај на шпекулациите и злоупотребите околу нивното учество на „Македонија во НАТО и ЕУ“: На настапот ќе му дадат хуманитарен карактер!

Членовите на групата „Љубојна“ на фејсбук страната на групата објавија дека настапот бил закажан многу порано пред да знаат за каков настан се работи и не е поврзан со личниот став на членовите на групата, но како што велат ќе настапат на 14. јули, но во свој манир, а парите ќе ги донираат.
„Настапот на Љубојна, кој што сите нé растревожи, во сабота на 14.07, е закажан многу порано пред да знаеме за каков настан се работи и не е поврзан со личниот став на членовите на групата. Љубојна ќе настапи во свој манир, со добро познатата автентична програма и ќе продолжи и понатаму да ја презентира нашата музичка култура во земјата и во светот, без никакви отстапки. Парите ќе бидат донирани за терапијата на едно болно детенце, како и на “Одделот за традиционална музика и игра” при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, за понатамошен развој и истражувачка дејност. За сета “лавина” од сите вас кои искрено ни се обративте, како и вие дежурни фб “душегрижници”, ви благодариме и продолжуваме посилно. Музичарите не се и не треба да бидат бедем за револт и распетие! Ова е нашиот официјален став и ве молиме да не пишувате измислени изјави, кои не сме ги дале. Порталот/ите што објави/ја изјава без истата да биде дадена, очекуваме да напише/ат демант. Не би сакале нашата понатамошна комуникација да продолжи преку тужба. Срдечно, Љубојна“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Откако беше обвинета за фотошопирање фотографии, актерката откри како изгледа без шминка

Откако беше обвинета дека изгледа непрепознатливо на фотографиите, Салма Хајек на Инстаграм го покажа својот …