Вимблдон: Денес женски полуфиналиња на Централот!

Денес ќе дознаеме кој ќе игра во финалето на Вимблдон во женска кокуренција.
И’ двете полуфиналиња се играат денес, на Централниот терен, секако со директен пренос на Спорт клуб и Еуроспорт 2.
Први на теренот ќе излезат (14. часот), Јелена Остапенко и Анѓелик Кербер, а потоа својот меч ќе го одиграат и Јулија Ѓерѓес и Серена Вилијамс.
Серена Вилијамс е на два чекори од освојувањето на 24. титула на Грен слем турнирите, осма на Вимблдон (и десетто финале на Ол Ингланд клуб) само десет месеци после породувањето и за место во финалето ќе игра со Јулија Ѓерѓес која нема што да загуби во овој меч и која игра одличен тенис од почетокот на турнирот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Девојка споделила совети за љубовни состаноци: „Ако ги слушнете овие три работи, бегајте што побргу“

Запознавањето и воспоставувањето романтична врска често не е лесно, а една девојка на Тикток објаснила …