(ВИДЕО+ФОТО) Вимблдон: Финале пред финале – Рафа и Новак по 52. пат!

Најдобриот тенисер на светот се пласира во полуфиналето на Вимблдон, првпат од 2011. година.
Рафа синоќа, после пресврт го победи Аргентинецот, Хуан Мартин дел Потро со 7:5, 6:7 (7), 4:6, 6:4, 6:4, во мечот кој траеше скоро пет часови и кој, особено во петтиот сет, имаше фантастични поени.


Шпанецот во борбата за финале ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ кој претходно го совлада Кеи Нишикори.
Српскиот тенисер во дуелите води со 26:25, а Надал ги добил последните два дуели во Мадрид минатата година и во Рим оваа година, без загубен сет.

Новал Ѓоковиќ во четирифиналето го победил Јапонецот, Кеи Нишикори со 6:3, 3:6, 6:2, 6:2 и првпат од УС Опен во 2016. година се пласирал во полуфинале на некој Грен слем турнир.Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори после поразот од српскиот тенисер во четирифиналето на Вимблдон, рекол дека Новак играл најдобро во клучните моменти.

Од 2:0 и меч топка до пораз!

Бранителот на титулата на Вимблдон, Роџер Федерер го завршил годинешниот турнир откако подобар од него бил Јужноафриканецот, Кевин Андерсон, во пет сета. Федерер имал се’ во свои рце, водел со 2:0, имал меч топка, но на крајот загубил на разлика.
Андерсон, осмиот играч на светот, на првиот терен, по сетови славел со 2:6, 6:7(5:7), 7:5, 6:4, 13:11, за четири часа и 17. минути игра и со пласманот во полуфиналето го остварил најдобриот резултат на Вимблдон во досегашната кариера.

Изнер преку Милош Раониќ успеал да обезбеди пласман во полуфиналето каде ќе се сретне со Кевин Андерсон.
Америкнскиот тенисиер, Џон Изнер, се пласирал во полуфиналето на Вимблдон, откако во четирифиналето го надиграл Канаѓанинот Милош Раониќ со (6:7, 7:6, 6:4, 6:3).

Полуфиналните мечеви во сабота се очекува, да започнат, околу 14. часот

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Девојка споделила совети за љубовни состаноци: „Ако ги слушнете овие три работи, бегајте што побргу“

Запознавањето и воспоставувањето романтична врска често не е лесно, а една девојка на Тикток објаснила …