(ФОТО) Кокос плазма торта

Состојки:
Бисквит:

10 белки
20 лажици шеќер
150 г кокосово брашно
Крем:
10 жолчки
15 лажици шеќер
8 лажици нишесте
800 мл млеко
250 г путер или маргарин
100 г чоколадо за готвење
100 г мелена плазма бисквити
100 г мелени бадеми
100 мл матен шлаг
Украси:
2 – 3 лажици мелени бадеми
100 мл матен шлаг
по 2 – 3 лажици од кремот
Подготовка: бисквит: белките со шеќерот изматете ги во цврст снег. Додајте го кокосовото брашно и лесно измешајте со дрвена лажица. Истурете во плех (40х50 см), покриен со хартија за печење и ставете во рерна загреана на 175. степени. Печете околу 30. минути.
За кремот добро изматете ги жолчките со шеќерот, додајте нишесте, малку млеко (околу 100 мл) и со остатокот млеко сварете густ крем, налик на пудинг. Добро изладете.
Во изладениот крем додајте го омекнатиот маргарин или путер (или пола – пола). Се’ добро изматете во креместа смеса и поделете на два дела. Во еден дел ставете истопено чоколадо и плазма бисквити. Во другиот дел додајте мелени бадеми, а дел оставете за декорација,
Бисквитот поделете го на два дела за правоаголна торта.
На долниот бисквит ставете го прво темниот крем, на кој се става светол крем па горе бисквит. Следниот премаз оди со светол крем, па темен и украсете.
Ако сакате округла кора, бисквитот печете го на два пати.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Глумица удрила жена среде емисија во живо: И’ го навредувала синот кој има Даунов синдром!

Руската глумица Евелина Бледнас гостувала во емисија во живо и зборувала за бременост во посни …