(ФОТО) Кокос коцки како мафини

Состојки:
Бисквит:

4 јајца
13 лажици шеќер
13 лажици брашно
100 мл масло
100 мл млеко
1 кесичка прашок за печиво
2 лажици какао
1 лажица млеко
Подгответе го тестото, на стандарден начин и поделете го на два дела.
Фил:
1/2 литар млеко
5 лажици шеќер
3 лажици брашно
200 г кокосово брашно
1 кесичка ванилин брашно
Кога млекото ќе зоврие додајте ги сите состојки, изматени со миксер, и сварете крем.
Глазура:
150 г чоколадо
2 лажици масло
Чоколадото истопете го на масло.
Подготовка:рерната загрејте ја на 180. степени. Подготвениот бисквит поделете го на два дела. Во еден ставете 2 лажици какао и 1 лажица млеко.
Калапите за мафини намачкајте ги со малку маргарин или путер. Ставајте од темното тесто, околу 1 прст високо, и ставете во рерна.Печете само до половина, колку да фати коричка.Потоа на бисквитот ставете од филот, во висина од 1 прст, а на филот нанесете 1 прст од светлото тесто и потоа испечете до крај.
На крај на мафините ставете глазура од чоколадо.
Колачот можете да го подготвите и во класична тава. Прво запечете го темното тесто, па ставете го филмот, светлото тесто и завршете го печењето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Зошто принцезата Шарлот вреди повеќе од својот брат и иден престолонаследник, принцот Џорџ?

Принцот Џорџ можеби е идниот крал на Англија и првото дете на принцот Вилијам и …