(ФОТО) Засекогаш завршило снимањето на „Игри на престолите“

Серијата „Игри на престолите завршилоа со снимањето на осмата и последна сезона, и тоа после повеќе од девет месеци.
Во последната сезона фановите ги очекуваат шест нови епизоди кои продукцијата успеала да ги задржи во тајност со неверојатно обезбедување.
“Никој не доби физичка копија од сценариото. Добивме сè во дигитална форма на апликацијата, и по читањето, документот сам беше избришан. Зборовите што ги кажавме ги примивме претходниот ден, и тие по 24 часа, целосно исчезнаа”, вели Софи Тарнер, која во серијата ја игра Санса Старк.

Таа, исто така, открила и дека сите на сетот имале забрана за фотографирање и тие морале да носат етикети преку камерата на мобилните телефони, и секој член на тимот добил и име со шифра за да никој не би знаел кој е тој ден на сетот.
Со крајот на снимањето, се пофалиле Емилија Кларк и Мејси Вилијамс,
актерки кои во серијата се од првата сезона која почнала да се емитува
во 2011. година.

“Скокнав на брод за еден остров за да ја поздравам земјата што ми беше дом далеку од домот речиси цела деценија. Ова беше неверојатно
патување. Благодарам на „Игри на престолите“ за животот за кој никогаш не сум сонувала дека ќе го живеам и за семејството кое засекогаш ќе ми недостасува”, напиша Емилија Кларк со најава за повлекување од Холивуд за да некое време се одмори.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Немилосрден и’ после смртта: Берт Рејнолдс го исфрлил синот од тестаментот

Легендарниот глумец Берт Рејнолдс, кој неодамна почина, намерно од тестаментот го изоставил синот, единец, Квинтон. …