(ФОТО) Меган Маркл ја покорила Ирска со четири беспрекорни аутфити

Војводата и војвотката од Сасекс моментално се во Ирска.
Тие заминале веднаш по прославата на годишнината од Кралските воздухопловни сили, и ова е нивното прво официјално патување. Очекувано, Меган Маркл ги спакувала елегантно дизајнираните парчиња за патување и веќе не воодушеви во четири беспрекорни изданија за два дена. Прво беше она каде кога слетала во Ирска, односно во Даблин.

Меган за доаѓањето во Ирска избрала фустан во боја која е симбол на државата, зелена, а таа носеше едноставна маичка и „молив“ здолниште со средна должина, и двете со потпис на модната куќа Givenchy која ја дизајнираше и нејзината венчаница.
Изгледот го надополнила со кафеава ташна на Стратбери и црни стилски салонки, а косата ја врзала во ниска пунџа.
Потоа се преслекла во поинаков но подеднакво добар аутфит и ја пуштила косата.

За официјален прием во Британската амбасада во Даблин, таа избрала мал црн фустан во А крој со потпис на новозеландската дизајнерка, Емили Викстед, кој има појас на неговата половината. Со фустанот носеше и црни салонки и клуч чанта, а косата лесно ја навиткала и делувала многу елегантно.

Нејзиниот моден поход на Ирска продолжил и вториот ден од посетата. Меган се сретнала со ирскиот претседател Мајкл Д. Хигинс (кој, ако можеме да забележиме, има прекрасно куче), облечена во тесен сив фустан со „лаѓа“ отвор околу вратот и волани на долниот дел, на францускиот дизајнер Роланд Мурет.
Носела и црни штикли, како и претходниот ден, а изгледот го дополнила со црна чанта и фризура – повторно елегантна ниска пунџа.

А после здолниште и два фустани, Меган била облечена во панталони. За време на посетата на ирската меѓународна спортско-аматерска организација, Gaelic Athletic Association, облекла шик црн костум и, покрај тоа што модно се ускладила со Хари, уште еднаш се покажало дека станува збор за најмоќната женска облека.
Костумот го искомбинирала со обична бела кошула, црни салонки и клич торба а косата повторно ја распуштила.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО Галерија) Неверојатна приказна: Била во врска со ученик (12), завршила во затвор, па му родила деца…И’, уште се заедно!

Мери Кеј Летурно била наставничка во шесто оделение во Сиетл кога е уапсена поради силување …