(ВИДЕО) Со помош на Витаминка нов спот и најава на концерт на Владо Јаневски

Владо Јаневски по пауза од речиси 10 години, ќе одржи голем концерт во живо во Охрид и тоа на веројатно најсоодветната локација за неговиот тип на музика, Антички театар, на 02. август.
Вечерта на Илинден со почеток од 22. часот, публиката ќе може да ги слушне апсолутно сите хитови на Владо Јаневски, кој оваа година слави јубилеј – 25 години од неговата соло кариера.
Владо Јаневски го промовираше и спотот за песната „Главен град на тагата“, на кој е композитор и текстописец на песната.

„Песната во себе носи убави и позитивни емоции, урбана приказна, ведар спот со поддршка од безвременскиот бренд како што е Витаминка. Значењето е уште поголемо затоа што не е само поддршка за мене како автор и уметник, туку е истовремено за македонската поп-музика во целина. За нашата домашна музика би било добро и други компании да го следат овој пример“, рече Јаневски.


Се „утепаа“ од трчање во спотот: Двете девојки – главни хероини во спотот за „Главен град на тагата“

Аранжманот е на Роберт Билбилов, продуцент е Дарко Димитров, а режијата на спотот е на Бане Поповиќ.
„Спотот е снимен во текот на јуни во Скопје, на познати градски локации преку кои се пренесува летната атмосфера, љубовта и младешкиот дух со кои зрачи и песната“, вели Јаневски.

„Главен град на тагата“ е третата песна на Владо Јаневски чиј спот е снимен со поддршката од Витаминка по спотовите за песните „Ајде води ме“ и „Последна заблуда“. Под закрила на Витаминка и Авалон, Владо ќе одржи голем концепт во Античкиот театар во Охрид на 2. август.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Смртта на познатата глумица криена повеќе од еден месец?

Американската глумица Сондра Лок починала во 75. година. Според добиените информации Лок умрела на 3. …