Кои цвеќиња и растенија се садат во лето?

Преовладува мислење дека есента и пролетта се најповолно време за садење на декоративни растенија и цвеќиња. И тоа не е неточно, но сепак добро упатените знаат дека безмалку сите растенија кои добро се закоренети и одгледани во саксија може да се садат и пресадуваат во лето.
Летото е исто така поволен период за размножување,ожилување на гранчиња од повеќе видови кои можат вегетативно да се размножуваат. Сепак постојат некои растенија кои е препорачливо да се садат во лето. Како на пример лаванда, рузмарин, жалфија, оригано, босилек и многу други кои сакаат сонце, на кои само треба да им се одбере сончева најмногу до полусенковита отворена,проветрена позиција, и секако редовно полевање откако ќе се насадат.

Летото е одличен период секоја градина да добие дополнителна убавина и грандиозност а тоа лесно може да се добие на пример со Хортензијата.
Грмушка која го оплеменува просторот, внесува колорит и убавина во вашата градина.

Посетете го Градинарскиот Центар ФОЈА ,каде што покрај Хортензиите може да најдете многу повеќе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Милка тарт: Чоколадно задоволство готово во момент!

Комбинација на лешници и чоколадо која одзема здив… Состојки: 200 г мелени бисквити 100 г …