(ФОТО) Медицинска сестра од пеколот: За две години убила 32. бебиња!?

Луси Летби е млада медицинска сестра за која соседите велат дека била посветена на кариерата. Сега е под истрага дека убивала бебиња.Болницата повикала полиција…
Полицијата во Чешир, Велика Британија,истражува смрт на 17. бебиња.
Полицијата во вторникот уапсила жена која работела како медицинска сестра во болница. Ја сомничат дека убила осум бебиња и се обидела да убие уште шест во 2015. и 2016 година. Полицијата моментално го истражува домот на Луси Летби (28). Летби во 2016. година била тргната од должноста која ја извршувала како медицинска сестра и ја поставиле како администратор. Сепак, не била суспендирана.
Инспекторот Пол Хјуџис вели дека испитуваат и истражуваат случаи на 32.деца од кои 17. умреле помеѓу март 2015. година и јули 2016.


„Случајот е многу сложен и компликуван. Знаеме дека има големо влијание на семејствата, но и работниците во болницата и пациентите и јавноста. Семејствата редовно ги информираме за се и им даваме потполна поддршка“ велу Хјуџис.
Пред пет години Летби била избрана за лице на камапања за да се соберат три милиони фунти за одделот кој се грижи за прерано родените и слабите бебиња. Тогаш рекла:
„Се радувам кога го гледам нивниот напредок и ние сме голема подрршка на нивните семејства“.
Соседите на нивните родители се во шок. Велат дека Летби била многу посветена на кариерата и додава дека нејзините родители се надеваат дека истрагата ќе ги даде одговори. Летби порано, во интервју, рекла дека работи на неонатален оддел откако дипломирала.


„Некои деца се тука неколку дена, а некои неколку месеци, се радувам на нивниот напредок. Одам на дополнителна едукација за да се стекнам со нови вештини и што подобро ја работам својта работа“ рекла Летби.
Две бебиња умреле во 2013., а три во 2014., но бројот на новороденчињата на одделот значитлено се зголемил во 2015. и тоа трело се’ до јуни 2016. Поради тоа болницата морала да престане да се грижи за бебињата кои се родени пред 32. недели и сите три инкубатори биле исклучени. Болницата во мај минтата година повикала полиција.


„Не ни беше лесно но тоа моравме да го направиме за да разбереме што се случило и зошто децата умреле“, рекол директорот на болницата, Иан Харв.
Меланиа и Патрик Робинсон порано истапиле во медиумите и ја обвиниле болницата. Нивниот син Ноа умрел во 2014. година.
„Грижата за нашиот син и ј препуштивме на болницата, но не го направија тоа што требаше“, рекле тогаш. Ноа бил роден со царски рез 12. недели пред терминот и иако состојбата му била тешка лекарите рекле дека има големи шанси да преживее. Но, умрел четири дена откако некој по грешка на детето му ставило туба за дишење во посебен канал. Болницата сама спровела повеќе независни истраги а потоа повикале полиција, пишува Daily Mail.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НЕ ИЗГЛЕДА ВУЛГАРНО! НАЈУБАВАТА РУСИНКА НА ПЛАНЕТАТА СИНОЌА ШОКИРАЛА СО МРЕЖЕСТ ФУСТАН: Еден детал на аутфитот ги крие НАЈИНТИМНИТЕ делови од нејзиното тело!

Во неделата вечер во Лондон познатите убавици од светот на модата се собраа на престижна …