(ФОТО) Брза бајадера

Потребно е:
10 лажици вода
200 г шеќер
125 г маргарин
200 г мелени ореви
200 г мелени бисквити
1 кесичка ванилин шеќер
100 г чоколадо
Глазура
100 г чоколадо
2 лажици масло
Подготовка:водата, шеќерот и ванилиниот шеќер ставете ги во сад и на средно загреана рингла па мешајте додека шеќерот не се истопи. Тргнете од ринглата и додајте го маргаринот. Продолжете со мешање додека не се истопи, па вмешајте ги мелените ореви и бисквити, да добиете компактна смеса.Поделете на два дела. Во еден додајте 100 г. истопено чоколадо.
Смесата со чоколадо ставете ја како долен дел во садот во кој ќе ја формирате бајадерата.Израмнете па нанесете ја светлата смеса.
За глазурата истопете го чоколадото со маслото и со скоро ладната смеса полијте ја бајадерата. До послужување префрлете во фрижидер, убаво да се излади.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Милка тарт: Чоколадно задоволство готово во момент!

Комбинација на лешници и чоколадо која одзема здив… Состојки: 200 г мелени бисквити 100 г …