Рецепт за меки стапала со кој повеќе нема да морате да одите на педикир!

ОТВОРЕНИТЕ обувки преку лето се едноставно незаменливи. И ние веруваме дека никој од вас не сака да се покаже со несредени стапала на нозете со сува и задебелена кожа. Исто така, знаеме дека не сите се во можност, поради ограничениот буџет, да одат редовно или барем во летните месеци во салон за убавина, со цел да се почестат со педикир третман и да се подготват за летото.
Затоа, бидете сами свој мајстор и средете ги стапалата со состојки од кујната. Овој рецепт е многу поволен и едноставен,а се’ што ви треба е:
– половина зрела банана
– 1 лажица мед
Бананата испасирајте ја со вилушка да добиете каша, потоа додајте го медот. Убаво измешајте и смесата нанесете ја на стапалата со фокус на петиците на кои кожата е најтврда и завиткајте ги стапалата со прозирна фолија. Оставете да стојат така барем 15. минути.
Потоа, едноставно отстранете ја фолијата и измијте ги стапалата со топла вода и направете пилинг со камен за стапала. Потоа стапалата избришете ги со пешкир,и нанесете хранлив крем за тело. Овој третман е идеално да се направи пред спиење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Чудесен ПАШКАНАТ: Се користи во народната медицина уште од античко време, а неговата арома го подобрува секое јадење!

Билката пашканат е исклучително здрав бел корен. Тој е многу ароматичен, па затоа е ценет …