Како од бајките: 5. големи тајни за убавина на Русинките на кои сите им се восхитуваат

Убавината на руската жена е многу позната и многумина се согласуваат дека Русинкте се меѓу најубавите жени во светот. Освен за гените, својата волшебна, етерична убавина и шарм на Русинките, исто така, можат да го заблагодарат на одреден стил на живот, а ние ги украдовме нивните пет тајни.


1. Многу пешачење како најдрага рекреација
Освен на одличните гени, Русинките својата убавина ја заблагодаруваат и поради одреден стил на живот. Имено, овие Словенки повеќе од било која вежба го сакаат пешачењето.Своите вити тела ги имаат поради бројните пешачења дури и по најострите руски зими.
Покрај пешачењето втора нивна омилена рекреација е пливањето,а потоа и возењето велосипед, вежбање во теретана, а колку сакаат да се грижат за својот изглед и тело покажува и фактот дека често сакаат да одат во спа центри и продавници со козметика.


2. Зеленчук и билки и’ на чинијата и во бањата
Исхрана на Русинките е богата со коренест зеленчук, а во нивните чинии, секојдневно има топла супа, традиционално јадење од руската кујна. Русинките, исто така, ги прифатија даровите на природата кои ги користат за одржување на убавината на кожата и косата.
Меѓу најчестите билки и зачински билки во нивните бањи може да се најде хмел, пстрнак, коприва, детелина и слични билки кои се користат за одржување на свежината и здравјето на кожата, но исто така и за нега на скалпот и за сјајна, обемна и цврста коса.

3.Тапкање на лицето за долгорочна младост
Кога станува збор за шминката, руските жени користат некои необични методи за да ги направат своите лица посвежи, поздрави и помлади. Еден од трикови што треба да се употребува е лесното тапкање на лицето кога се нанесува шминка, што помогнува кожата да изгледа помлада.
Руските жени се познати по своите прекрасни, волшебни очи, а овие убави жени сакаат да ги потенцираат уште повеќе со изобилен слој на маскара и богато нанесена сенка за очи.

4.Шминка за убавина и заштита
Русинкте се исто така нашироко познати по своите нежни, светли тенови и беспрекорен тен, кој, меѓу другото, го добиваат и благодарение на студениот руски воздух што ги затвора порите и подобрува мазнење на кожата. Со алабастерските тенови, тие одважно носат кармини а омилени им се црвени и кафеави, а често применуваат сјај за максималниот впечаток. Сјајот, исто така, им служи како заштита на усните од сува и студена клима.

5.Маска од јајца за лице и коса
Русинките се поборнички на природни третмани за убавина, особено кога станува збор за лицето и косата. Еден од најдрагите домашни третмани им е подготовката на маската од јајца која се прави на овој начин:
– измијте го лицето со топла вода и исушете тапкајќи со пешкир
– искршете јајце и одвојте белка од жолчка
– за маска користете ја белкта на која ќе и додадете 1 лажица млеко
– маската нанесете ја на лице и оставете да стои 10 – 15 минути.
– измијте со топла вода
За коса:
– на жолчката додајте и неколку капки маслиново масло и мед и убаво измешајте
– маската нанесете ја на косата и оставете да стои еден час
– измијте со шампон на стандарден начин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …