(ВИДЕО) „Растурил“ со песната на Павароти: Оваа снимка од Тоше Проески сигурно не сте ја виделе!

Во октомври се навршуваат 11. години откако загина Тоше Проески, еден од најпопуларните пејачи на просторите на бивша Југославија.
Неговите фанови и понатаму ги преслушуваат неговите хитови од бројните албуми, а неговиот сјај не бледнее ниту 11. години од смртта.
Оние кои го слушале во живо знаат дека неговиот глас бил ангелски, а ретки на кои им пеел во мали простории навистина имаат спомени какви многумина посакувале.


По Фејсбук се проширила куса снимка од еден ресторан во Бугарија, каде Тоше во придружба на локалните музичари ја извел италијанската песна „Torna a Surriento” и го воодушевил друштвото кое било со него, но и остатокот од гостите. „Torna a Surriento” е најпозната во изведба на Лучиано Павароти, а ја обработиле многу италијански музичари.
Изведбата ја снимила една бугарска телевизија, а исечок, денес скоро заборавен на ЈуТјуб, се појавил пред неколку години за да последните денови повторно стане актуелен. Уживајте.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зимата полека освојува: Еве какво време не очекува наредните 5. дена!

Во понеделник ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на повеќе места …