(ФОТО) Баш не му оди: Сопругата на Меси ја откажала посетата за неговиот роденден!

Прославата за роденденот на аргентинскиот капитен е организирано многу пред ремито со Исланд и поразот од Хрватска, но атмосферата во Русија пред два дена била далеку од славеничка…
Иако навивачите, соиграчите, па и фудбалските ривали се обединиле и преку социјалните мрежи на капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, му го честитале роденденот, јужноамериканските медиуми се распишувале дека на „аргентинскиот волшебник“ 31.роденден му бил еден од најтажните во животот.

Играчот на шпанска Барселона својот 31. роденден наводно не го славел во голем стил поради проблеми со сопругата, која не дошла да го поддржи на Светското првенство во Русија. Нејзината подршка, како што пишуваат медиумите, Лионел Меси ја загубил пред извесно време, поради што „не бил подготвен“ ниту минатиот четврток кога Аргентина, која ја предводел, загубила 3:0 од Хрвтска.

Имено, додека на Денот на татковците повеќето репрезентативци биле посетени од сопругите и децата, Антонела Рокузо (30) сопругата на Меси,со која фудбалерот има три сина го откажала доаѓањето во Русија, па наместо навивање се одлучила за посета на сестрата Карла кој неодамна го родила синот Симон.

🇦🇷🇦🇷🇦🇷

A post shared by AntoRoccuzzo88 (@antoroccuzzo88) on

Рокузо на социјалните мрежи му го честитала роденденот на сопругот со порака од која може да се зклуи дека воопшто нема проблеми.
„Среќен роденден моја љубов, толку многу те сакам! Ти благодарам што ме направи најсреќна жена во светот, што ми подари семејство кое е нашето најголемо богатство. Сакам да бидеш исполнет со среќа моја вечна љубов!“

❤️❤️❤️ @leomessi #thiaguimatu ⚽️⚽️#ciro😴😴

A post shared by AntoRoccuzzo88 (@antoroccuzzo88) on

Оваа порака на аргентинските медиуми им „дала уште простор за шпекулации“ па почнале да пишуваат дека љубовната роденденска честитка е само „параван“ со кој Антонела сака да создаде впечаток дека меѓу неа и Лео е се во ред. Па на сопругот дури му испраќа и порака „да остане мирен“ додека е на Светското првенство.

Siempre Juntos y con Vos mas que nunca❤️

A post shared by AntoRoccuzzo88 (@antoroccuzzo88) on

А, дека нешто не е во ред капитенот покажув и со својата игра. Додека после ремито со Исланд, Лео порачал дека се „чувствува одговорен“ за лошата игра на Аргентина, после Хрватска воопшто не се огласил. Напротив, многумина разочарал со својата валкана игра таа вечер, провокации и напади на хрватските играчи, и јасно игнорирање на фактот дека неговиот соиграч од Барселона, Ракитиќ, лежи на земјата.

Ниту после последниот свиреж Меси не покажал професионална колегијалност па заминал во соблекувалната, со поглед вперен во земја, без да честита и да се поздрави, поради што проблемите во брачниот живот станале уште „погласни“.

❤️

A post shared by AntoRoccuzzo88 (@antoroccuzzo88) on

Аргентинските медиуми се први кои во објаснувањето на отсуството на Антонела и лошата игра на Меси ги вплеткале наводните брачни проблеми кои ги сметаат за вистинска причина поради која за Лео во Русија не навива и семејството.
Фудбалерот и Антонела заедно имаат три сина: Тиаго Меси Рокузо (5), Матео Меси Рокузо (2) и тримесечниот Чиро Меси Рокузо.

Felices Pascuas🐣🐣🐣

A post shared by AntoRoccuzzo88 (@antoroccuzzo88) on

Инаку, сопругата на Меси во пресрет на натпреварот помеѓу Аргентина и Хрватска на социјалните мрежи со семејна фотогрфија се пофалила дека од дома ќе навива за сопругот, но после поразот лутите фанови почнале да и пишуваат коментари во стил „Папе е губитник“ и „Папи би можел бргу дома“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …