За видлив напредок со вежбањето морате да ги исфрлите овие пет продукти!

Ако сакате да го доведете телото во форма, треба да се фокусирате на исхраната и да започнете да вежбате. Но, понекогаш и покрај сите напори недостасуваат резултати. Во тој случај, смета личниот, тренер Тамара Приџет, неопходно е да се преиспитаат навиките во исхраната.
„Кога и да имам нов клиент прво разговараме за тоа што и како јаде. Мојата програма не е строга, но потребно е да се престане со внесувањето на пет работи, ако сакате напредок“, вели Приџет за Popsugar.

1. Рафиниран шеќер
Првата работа која Тамара секогаш ја советува е од исхраната да се исфрли рафинираниот шеќер.
„Тој е скриен во многу продукти и всушност не оддалечува од саканата цел.Кога ќе го исфрлите, ќе научите да уживате во вкусот на природниот шеќер и нема да бидете летаргични”, објаснува таа и додава дека при криза по шеќер посегнува по овошје и природни засладувачи, како што е мед, на пример.

2. Газирани пијалоци
Ниту обичните, ниту диететските шеќерни пијалаци не треба да бидат дел од здравиот начин на исхрана, препорачува Тамара.
„Газираните сокови се најголемите виновници кога некој добива на тежина или има промени во расположението. Тие се полни со хемикалии, шеќер и можат да го зголемат ризикот од дијабетес тип 2“, вели Тамара.
Нејзин совет е постепено да се исфрлува содата додека не се престане со конзумирањето.

3. Aлкохол
Кој и да одлучи да тренира со Тамара ќе мора да се откаже од алкохол.

4. Протеински плочки
„Протеинските плочки се лоши поради неколку причини. Полни се со шеќер и вештачки состојки“ смета Тамара и советува да се конзумира протеински прав кој може да се меша со млеко, вода или во смути.

5. Бел леб
„Не сум поборник на теоријата дека од исхраната треба да се исфрлат јаглено хидратите, со цел да загубите на тежина, но квалитетот на јаглено хидратите кои ги внесувате е важен“, заклучува оваа лична тренерка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Исчезнало младо момче од Скопје – се бара помош од граѓаните!

Исчезнало момче од Скопје – ако го видите помогнете во неговото наоѓање… Исчезнато е 20-годишно …