(ВИДЕО+ФОТО) Ден за Марин и Борна: Хале и Квинс во рацете на Чилиќ и Чориќ!

Денешниот тениски ден мина во знакот на хрватските тенисери.
Во финалето на АТП турнирот во Хале играа младиот Борна Чориќ и легендарниот Роџер Федерер. Во три сета подобар беше Борна кој покажа зошто се најде во финалето и му излезе на мегдан на легендарниот Швајцарец.

https://twitter.com/josemorgado/status/1010874824791678976/photo/1

Борна играше сигурно и цврсто и губењето на само еден гем во вториот сет беше причина Федерер да го израмни резултатот и да се игра трет сет. Беше очигледно дека Федерер ќе има проблеми со младиот Хрват. Ако досега Роџер Федерер се провлекуваше по грешки на противниците Борна не го дозволи тоа и третиот сет го доби убедливо со 6:2, од вкупниот резултат 7:6, 3:6, 6:2 и го зема својот прв трофеј на трева.

„Ми беше идол додека растев и ги гледав сите твои мечеви.За мене денешната победа е остварување на еден сон. Но, сонот стана реалност и ќе ми треба време да живеам со тоа“, му порача Борна на Федерер по врачувањето на пехарот во Хале.

Чилиќ после скоро три часа во Квинс славеше против Новак Ѓоковиќ, кому ова му беше прво финале после една година. Марин беше подобар во три сета (5:7, 7:6, 6:3) и ја одбрани минатогодишната титула, а Ѓоковиќ не искористи меч топка.

Хрватскиот тенисер по втор пат во кариерата го надигра некогашнот број 1, откако истото го направи и на бетон во Париз пред две години. Чилиќ денес дојде до 18. титула во кариерата.
Во Квинс беше виден голема борба од самиот почеток на финалната пресметка. За Марин уште една победа, а за Новак 800. се случи вчера, но поважно е што на терените повторно го гледаме оној стариот Новак Ѓоковиќ кога беше неприкосновен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Оро среде Егејска (Беломорска) Македонија: Не има насекаде и се играат македонски ора

Егејска Македонија, позната и како Беломорска Македонија, Приморска Македонија, Јужна Македонија, Грчка Македонија или Македонија …