На Меси денеска му е роденден: Погледнете како го дочекал!

Лионел меси денес наполнил 31. година. Роденденот го дочекал во Бронитси, аргентинската база на СП. Намерно не пишуваме „слави“, бидејќи најдобриот фудбалер на светот на Светското првенство изгледа и игра како да е најлош.
Неговиот израз на лицето на фотографијата над текстот, снимена за време на последнот тренинг на репрезентацијата би можел да биде фатен било кога за време на СП, бидејќи Меси „не го симнува“. Потполно е без воља, отсутен, потонат…
Единствена категорија во која води пред крај на второто коло по групи на СП е „играч кој минал најмалку метри во 90. минути“.

Меси на двата натпревари на Аргентина до сега бил меѓу најлошите, најневидливите и најнемоќните играчи на неговата репрезентација. А, конкуренцијата е исклучително силна.
Против Исланд промашил пенал за победа, а дебаклот од Хрватска е виден веднаш по завршувањето кога избегал од теренот, без, како што е спортски и капитенски, да им честита на победниците.
Но…
Меси во оваа Аргентина повеќе од две години нема со кого да игра, ниту некој да го води од клупата. Екипата е болно зависна од него и единствен план на селекторот е „дај му ја топката на Меси, па тој сигурно нешто ќе направи“.Вистина е дека е тој фантастичен фудбалер но не е и семоќен.
Да не бил тој Аргентина никогаш не би дошла на СП. Во квалификациите играла толку лошо што постигнала само 19. гола во 18. натпревари, како и Венецуела, најлошата репрезентација во Јужна Америка.
Без Меси, Аргентина успеала да победи само еден натпревар во квалификациите, а Лео во последниот натпревар да не постигнал хет трик за победа од 3:0 против Еквадор неговата репрезентациј веројатно не би ни стасала до дополнителните квалификации.
Впрочем, со кого Меси да игра…Па и не е чудо што роденденот го „слави“ со онаква фаца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ шокирала: „Со месеци криев дека имам канцер!“

Марсиа Крос,ѕвезда на серијалот „Очајни домаќинки“, ги шокирала овожавателите но и медиумите кога открила дека …