„Танец“ со концерт во „Марко Цепенков“ Прилеп

Ансамблот за народни песни и игри „Танец„ кој е душата на Македонија, симбол на македонската култура и уметност веќе шест децении, ќе се претстави со целовечерен концерт на 21 јуни, четврток од 20.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“во Прилеп.
Публиката ќе има можност да присуствува на убаво музичко доживување, бидејќи ансамблот Танец, како амбасадор на македонскиот фолклор ќе се претстави со извонредна програма, преку која ќе го долови македонскиот фолклор, традиција и култура.
“Танец” е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на формирањето на ансамблот претставувала насушна потреба за формирање на институција од овој вид која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор. За успехот на “Танец” говорат бројните добиени награди и признанија, а има учествувано на над 4500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу осум милиони гледачи.
„Традицијата и фолклорот претставуваат најдобро чувана тајна која како свеќа не води во тунелот на времето“,велат од Танец.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Култната „Викенд на мртовци“ премиерно на сцената на Театар Комедија

Режисерот Ѓорѓи Ризески денеска на прес-конференција рече дека направиле оригинална верзија на текстот, различна од …