(ВИДЕО+ФОТО) Од сирачиња до милионери: Нивниот живот е големо финале – Запознајте ги вистинските јунаци на Мундијалот!

Крпени топки, искинати патики, отфрленост од општеството, солзи и тага…
Какво клише за сите приказни на познатите фудбалери кои од ден во ден се натпреваруваат кој имал потажно детство, кој повеќе страдал,а секој од нив имал некој дедо кој секогаш верувал во нив и во глава им всадил неколку зборови кои тие, секако, ги истетовирале и на социјалните мрежи не пропуштаат прилика своите фанови повторно да ги расплачат и потворно да им покажуваат дека за нивниот успех е заслужна пред се работата, работата и само работата, и дека тој некој што ги гледа од небото е горд на нив.

Ова би бил прекрасен вовед за некој римејк на тажен филм со среќен крај,бидејќи се’ повеќе фудбалери својата кариера ја градат на „кукање“ и со тешки животни приказни добиваат се’ поголема популарност, но сите добро знаеме дека не е така, и дека само ретки се оние кои до големите светски клубови навистина минале низ пекол.
Секако, во фудбалот не е се лага и маркетинг, па и не може во секој да се впери прст и да се каже дека лаже, бидејќи во морето божем тажни приказни постојат и некои кои навистина имаат морничава историја и се потполно вистинити.

Марко Асенсио, фудбалерот на Реал од Мадрид и репрезентативец на Шпанија како млечок останал без мајка која му бил се’ во животот и вистински темел на семејството.
Младиот Шпанец името Марко не го добил случајно. За тоа е најзаслужна неговата мајка која името му го подарила според Ван Бастен, прекрасниот Холанѓанин кој во осумдесеттите и почетокот на деведесеттите бил еден од ајдобрите фудбалери на светот, па со тој чин мајката на Асенсио веќе од старт сакала нејзиниот син да го надмине некогашниот фудбалер на Милан и Ајакс.
Во 2005. година малечкиот Марко бил на море со неговата мајка и на една јахта го виделе Флорентино Перез, човекот кој во Мадрид се прашува за секој спортски сектор на овој великан. Асенсио посакал да се слика со
него, а неговата мајка на Перез му пришла со реченицата:

„Господине можете ли да се сликате со мојот син, но запамтете го ова лице, бидејќи тоа лице ќе игра за вас за неколку години!?“
Флорентино, како и секој нормален човек помислил „За што зборува оваа жена?“, но навистина, 11. години подоцнаа кога веќе возрасниот Асенсио го потпишал договорот со Реал, најголемиот шпански клуб, и на претставувањето не можел ништо да зборув од солзите кои течеле по неговото лице, она што можел да го изговори била благодрноста до неговата мајка која повеќе не е со него, но знае дека го гледа од небото.

Секој гол што го постигнува Асенсио го посветува на својата мајка, со рацете испружени кон небото, додека неговиот татко не пропушта ниту еден натпревар на својот син кој сега е еден од најдобрите играчи на средина на теренот на светот, а моментално е со шпанската репрзентација на Мундијалот.
Волшебник, Мозок, Бел принц, Златно момче – или едноставно Андрес Иниеста.
Никогаш не постоел, а веројатно ниту нема, шпански фудблер кого го сакале на секој агол од земјата. Цел свет знае за непомирливоста на Мадрид и Каталонија, нерешливите разлики на Мадрид и Баскија, но околу него се сите согласни – длабоко поклонување до под за Андрес.Малку кој ја знае животната приказна на Иниеста и како станал тоа што е сега…

Со 12. години добил покана од локалната „Финтеабилија“ да премине во Барселона, но тој не можел тоа да го замисли. На крајот сепак одлучил да оди во Блауграна, а на тоа патување се сеќавал со кнедла во грлото.
Мајката, таткото и дедото тргнале со него, а на паузата за ручек малечкиот Андрес не престанувал да плаче. Од ручекот немало ништо, бидејќи никој не можел да јаде додека Иниеста, буквално, се простувал од
своето детство.

Останал во Барселона, но солзите не престанувале.Тренирал, играл, учел, јадел и повторно плачел.Родителите го посетувале секој недела, а после тоа дружење, кога би останал сам, повторно би плачел. Исто како и мајка му во тишината на својот дом, бидејќи повеќе не го гледала малечкиот Андрес.

За среќа, издржал, бидејќи ако не – фудбалскиот свет најверојатно би останал посиромашен за еден од најголемите виртуози на оваа игра кои на Барселона и дал 22. години од животот, од кои 16. во сениорска конкуренција. На Камп Ноу станал најтрофеен шпански фудбалер во историјата, а неговата колекција троифе излгеда по малку нестварно со дури девет првенства, седум Купови на Кралот, четири Лига на шампионите, три Суперкупови на Европа и три светски клупски првенства. Значи, со Барса има 32. трофеи.

Виктор Мозес репрезентативецот на Нигерија и фудбалер на Челзи зад себе има страшно детство.
Немирите, кои се честа појава во Нигерија, пред 18. години ги однеле животите на родитлеите на Мозес. Таа 2000. година во самоубиствен напад на џамија имало 24. жртви,меѓу нив и двајца свештеници, убиени во црквата и 45. масакрирани во нападот на селото.
Знаејќи дека на Виктор му се заканува опасност, како и дека тој ќе биде наредната мета, пријатели на неговите родители решиле да го скријат. Една недела откако меѓу урнатините ги видел телата на своите родители, тој веќе бил кај удомителско семејство во јужен Лондон.

„Мојот прв впечаток за Англија беше дека тоа е рај на земјата…Тоа окружување беше потполно непознато за мене, далеку од Кадуна, каде никого не знаев. Не го знаев ниту јазикот и беше многу тешко да се стекнам со нови пријатели. Почетокот беше тежок, но преживеав“, се потсетил асот од Стенфорд Бриџ.
Се свртел кон фудбалот кој му донел многу убаво во кариерата.
„Беше еден од милион.Беше Кристиано Роналдо во нашиот тим“ се присетил Тони Луизи, менаџер на младите селекции на Кристал Палас.

Со само 11. години Виктор Мозес станал сираче и бегалец, но среќата и покрај тоа му се насмевнала. Големиот талент бил препознаен од агентите, а кариерата му одела по нагорна линија. Денес е прва ѕвезда на нигериската репрезентација во Русија.

Фудбалерот од средината на теренот на полската репрезентација Јакуб Блашчиковски открил дека во детството присуствувал на семејна трагедија во која татко му до смрт ја избодел својат сопруга, неговата мајка.
Блашчиковски имал 10. години кога неговиот татко Зигмунд, од до сега неразјаснети причини, со нож ја усмртил мајката Ана.

Еден од најдобрите фудбалери на Полска бил толку потресен што пет дена не можел да стане од кревет, а подоцна грижата за него ја презеле вујкото и бабата, од село.
„Никогаш нема да сфатам зошто тоа се случи. Секогаш ќе се прашувам – Зошто? Порано не сакав да зборувам за тоа, се обидував да заборавам, но не можев. Сега сум доволно возрасен да разговарам на таа тема“ им рекол Блашчински на англиските медиуми.

Mundial już za 1️⃣6️⃣ dni! #worldcup

A post shared by Kuba Błaszczykowski Official (@kuba.blaszczykowski) on

Блашчиковски е многу побожен, секој ден чита Библија и постигнатите голови и ги посветува на мајка си, за која верува дека го „гледа од небото“.
„Мама и понатаму се грижи за мене. Имав доста проблеми во животот, успеав да ги пребродам и мислам дека таа таму некаде ми помогнува“ додал Блашчиковски.

Популарниот Куба никогаш не зборувал со татко му, кој минатата година, после 15 години минати во затвор, бил ослободен. Татко му умрел минатиот месец, а полскиот фудбалер сепак дошол на погреб.
Блашчиковски, поради траумата од детството, на одредено време морал да го напушти фудбалот, но подоцна му се вратил и ова лето е на Мундијалот со Полска.

Ромелу Лукаку има 25. години, игра на светското првенство и е прв напаѓач на Манчестер Јунајтед, а ова е неговата приказна:
„Точно се сеќавам на моментот кога дознав дека повеќе немаме пари. Во главата и понатаму му е сликата на мојата мајка во кујната и погледот на моето лице. Имав само шест години и за време на паузата во школо дојдов дома на ручек. Мојата мајка го имаше истото мени секој ден: леб и млеко. Кога си дете не размислуваш многу за тоа. Мислам дека тоа беше се што можевме д си дозволиме.
Кога еден ден дојдов во кујната ја видов мајка ми пред фрижидерот со кутијата млеко, како и обично. Меѓутоа, сега мешаше нешто внатре. Убаво ја протресе кутијата, не ми беше јасно што прави. Како и секогаш го донесе ручекот до мене и тогаш сфатив што правеше – Мешаше вода со млеко. Немавме доволно пари до следната недела. Бевме тотално без пари, Не само сиромашни, туку без ништо.
Мојот татко беше професионален фудбалер, но пред крај на својата кариера, сите пари исчезна. Првата рбота без која останавме беше кабелската телевизија. Повеќе немаше фудбал. Подоцна се случуваше по неколку дена да немаме топла вода или струја.
Се случуваше мајка ми да земе леб од пекарата и да змоли да плати друг ден. Тие знаеа за мене и мојот помлад брат, па и дозволуваа да земе леб во понеделник, а да плати дури во петок
Не можев да ја гледам мајка ми така да живее. Не, не, не можев тоа д го дозволам.

Луѓето во фубалот сакаат да зборуваат за ментална сила. Па, јас сум најјакиот лик кој ќе го запознаете. Затоа што се сеќавам на седењето во темница со мојот брат и мајка ми, на молитвата, размислувањето, верувањето, знаењето дека тоа ќе се оствари.
И’, конечно еден ден реков – Мамо ќе се смени. Ќе видиш. Ќе играм фудбал за Андерлехт, тоа наскоро ќе се случи. Ќе ни биде добро, не мораш повеќе да се грижиш.

Да ви кажам нешто – секој натпревар што го играв беше како финале. Секој пат кога шутирав кон голот сакав да ја растргнам топката. Полн сила.
Кога нагло пораснав родителите и моите тренери се загрижија. Никогаш нема да го заборавам првиот пат ког некој возрасен ме праша – Еј, колку години имаш, или кое годиште си?
Кога имав 11. години играв за младиот тим на Лирс и ме запре еден ттко на мој соиграч кој мислеше дека јас сум од поголема група.Отидов по личната карта. Роден сум во Антверп, од Белгија сум, и крвта ми вриеше кога одев до мојата торба по документот.

Бев многу лут на тој човек што ме навреди и мислеше дека тоа е едноставно. Му се заканив дека ќе го претепам неговиот син.
Сакав да бидам најдобар фудбалер на Белгија, светот. Играв со толку многу лутина – поради глувците кои трчаа по нашиот стан, бидејќи не можев да гледам Лига на шампионите, поради тоа како ме гледаа другите родители. Како да бев на мисија. Со 12. години постигнав 76. гола на 34. натпревари. Сите ги дадов во патиките на татко ми – имавме исти стапала.

На мајка ми и реков дека ќе успеам со 16. години. Задоцнив 11. дена. Потпишав договор со Андерлехт. Останатото е историја.
Не, не е секоја приказна измислена, немал секој мед и млеко во животот, немал секој богат менаџер, немал секој превоз до тренингот и после тренингот, и не е секој светска ѕвезда…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПОДАТОЦИ НА СЗО: Рекордни 505 000 нови случаи ширум светот за само 24 часа – најмногу од почетокот на пандемијата!

Повеќе од 505.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во СВЕТОТ во петокот, што е …