(ВИДЕО+ФОТО) СП во Русија – Ја шокирал: Насилник ја бакнувал колумбиската репортерка и ја фатил за гради!

Спортската репортерка на социјалните мрежи поставила видео од инцидентот со цел да го посрами непознатиот маж и објаснила колку ја погодил неговиот чин…


Колумбиската репортерка Жулиет Гонзалес Теран за време на преносот во живо во рускиот град Саранск доживел вистинска непријатност кога минувач ја бакнал и фатил за градите.
Водителката останала професионална додека известувала за фудбалското првенство и ја одработила репортажата до крај иако напасникот против нејзина воља ја бакнувал и допирал. Репортерката видеото од инцидентот го поставила на социјалните мрежи со цел да го посрами мажот и објаснила колку неговито чин ја погодил.


„Таму бев веќе два часа, се подготвував за јавување во живо и се’ беше во ред. Штом почнавме да снимаме тој човек ја искористи ситуацијата и дојде до мене, ме бакна, ми ги допираше градите. Морав да продолжам да известувам. Кога снимањето заврши, се обидов да го пронајдам, но тој веќе беше избеган“, напишала репортерката.

„Жените не заслужуваат ваков третман. Ние сме подеднакво професионални како и мажите. Го скам фудблот и го делам воодушевувањето со фудбалското лудило, но мораме да повлечеме граница помеѓу злоставување и навивачка еуфорија“ додала Жулиет.

Набргу на репортерката и од згрозените фанови и пристигнале стотици пораки.
„Вакви работи не би требало да се случуваат. Ти си убава, умна и јака жена“ и напишал еден од обожавателите. Друг додал дека водителката во ненадејната ситуација извонредно се снашла и дека непознатиот маж е „првокласен“ кретен кој не ги почитува жените.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …