Дневен хороскоп за петок (15.06.2018):Добри вести за студентите, вљубените добро да размислат за следните чекори,дилемите се минливи…

Овенот фокусиран на работа, Бикот затегнат, Близнаците заљубливи, Ракот недоволно трпелив, Лавот раздрзлив, Девицата неускладена, Стрелецот бесен, Јарецот темелен, Водолијата не трпи авторитет а Рибите се склони кон повреди.
Ова е денешниот дневен хороскоп за 15. јуни. 2018. година

Овен
Сакате да работите бидејќи сметате дека во тоа е сржта на вашиот моментален фокус низ кој добивате многу повеќе од обично. Имате соработници на кои можете да се потпрете и кои многу повеќе ќе ви помогнат отколку сами да ги завршувате обврските.
Сеуште само размислувате за евентуалната промена на емотивниот статус.Можете да почувствувате дека сеуште не е време за нешто конкретно, колку што ви се насмевнува попасивен став.
Чувајте се од остри предмети.

Бик
околку се бавите со издаваштво очекувате финансиски прилив кој нема да пристигне уште неколку дена. Се’ во свое време е нешто што досега добро сте го сфатиле. Не морате да влегувате во расправа околу ситни работи, кои само ви прават блокада.
Доколку во фокусот е една Скорпија на потег ќе сте за неколку дена.Моментално правите добра стратегија на заведување. Бидете поопуштени.
Можни се болки во пределот на вратот.

Близнаци
Се бавите со свои теми. Имате одлична енергија од планетите кои ви даваат дополнителна енергија за она што сте го започнале од порано. Не морате да се вознемирувате со непотребни факти од еден Лав, кој може да ви го расипе денот.
Оние кои се родени во третата декада можат да бидат во одличен емотивен амбиент. Можете да се вљубите како никогаш. Растеретувањето се гледа за некое време.
Проблеми со органите за дишење.

Рак
Можете да имате уште некој проблем кој ќе исплива од зад грб но тие веќе минуваат за некое време. Се сугерира малку да бидете трпеливи за да се бавите исклучиво со себе и примарно со оние идеи кои малку сте ги запоставиле.
На љубовен сегмент денеска немате некои посебни случувања колку што од вас се бараат дополнителни активности кои повеќе би ве исполниле вас отколку партнерот кого сте го напуштиле.
Психта ви е сеуште нагласена.

Лав
Сакате да се дружите и не сакате да пропуштите ниту една можност да не излезете во поголемо друштво каде што ќе можете да се опуштите и насмеете. Не сакате да се жалите на моменталните проблеми бидејќи сте
премногу позитивни за такво нешто.
Доколку имате партнер покрај себе тоа е излезна ситуација која моментално можете да ја остварите. Моментално доволно ќе бидете во свој фокус.
Чувајте се од изненадувања.

Девица
Сеуште не сте во склад со себе. Тоа најногу важи за оние кои се родени во првата декада. Останатите ќе го имаат овој проблем во текот на наредниот период. Морате да ја научите лекцијата која ве предупредува
дека на ред дошле нови лекции кои морате да ги положите.
Не сте сами и тоа е вашата најдобра страна. Имате доволно од тоа што ви се дава на полето на емоциите бидејќи вакви прилики ретко се случуваат.
Немате поголеми здравствени проблеми.

Терезија
Доколку сте студент кој во план има да полага испити можете да бидете среќни, овојпат. Имате одлични аспекти кои ве поддржуваат во намерата и искористете го овој одличен аспект кој ви се нуди низ двигателна енергија.
Не се бавите толку со љубовниот живот колку со себе.Понекогаш сте во лошо расположение кое ви се чини дека минува.
Внимавајте во сообраќајот.

Скорпија
Поддршката од мајката или пријател денес ќе ви се чини одвишна. Сакате да бидете во свој амбиент и сами со себе. Морате да внимавате на моменталните аспекти кои ви прават малку полош амбиент.
Доколку сте подолго во брак не впуштајте се во поголеми кавги. Доколку пред вас е една Девица не морате да се оптоварувате со непотребни работи кои ќе ги слушнете од тоа лице.
Можна е повишена температура.

Стрелец
Каналот кој ви се протега на полето на работа малку е лошо поставен бидејќи вие увидувате доволно проблеми на финансиската страна и не сакате да се бавите со таа страна овој пат.Сакате да се опуштите и да не се оптоварувате со непотребни факти.
Повеќе се бавите со себе отколку со партнерот кој овојпат ви претставува кочница во моменталниот амбиент кој ви се дава.
Повремено имате многу бес во себе.

Јарец
Вашето поле на кариера моментално е малку во тешкотии.Увидувате дека многу повеќе работите а всушност добивте само трошки. Други со многу помалку напор го добиле она што вие во суштина одамна сте требале да го имате. Вашиот пат, барем, е доста темелен.
Доколку сте вљубени во некој Рак не бидете очајни доколку тоа лице не обрнува доволно внимание на вас. Морате да бидете доволно храбри да издржите многу нешта во вашиот емотивен живот.
Внимавајте на имунитетот.

Водолија
Доколку сте лице кое не трпи авторитет не морате да се оптоварувате со фактот дека работите доволно долго се „крчкале“ и дека е време да ја пробате таа чорба. Некои факти се на место и не морате да ги користите на сила, самите ќе дојдат.
Доколку сте сами не морате да се впуштате во нешто повеќе овој пат.Правете ситни чекори како што ви советува планетата Меркур.
Намалете го внесувањето слатки.

Риби
Доколку полето на странство е нешто што моментално ви прави проблем не бидете очајни бидејќи тоа се работи со минлив карактер. Вашиот стил многумина го копираат но не успеваат во тоа без многу мака. Вие во тоа добро пливате, овој пат.
Не сакате бргу да ги менувате работите на полето на љубовта, колку што од вас се очекува поопуштена комуникција. Бидете внимателни со една Водолија.
Чувајте се од повреди.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Поради дечко кој ја измамил ослабнала 25. килограми и станала вистинска „секс бомба“

Додека некои жени по прекинување со дечкото паѓаат во депресија, особено ако причина за раскинуавњето …