Дневен хороскоп за четврток (14.06.2018):Љубов, работа, пријателство – не, денес денот е за љубов!

Денеска Венера влегува во Рак и е добар период за љубов, искористете го најдобро што можете…

Овен
Поради ставовите кои досега се покажале како исправни, колегите ве ценат и се чувствувате како важен и потврден дел од колективот. Признанијата и пофалбите допрва ќе доаѓаат.
Поради случувањата на работото место по малку го занемарувате партнерот на што тој ќе ви даде до знаење. Денес 101% препуштете се на партнерот.
Можна е зголемена температура.

Бик
Денес деловната задача е многу обемна па побарајте помош од колегите и правилно распоредете ја дел по дел. Колегите се подготвени да ви помогнат.
Под влијание на Месечината денес трагате по емотивно внимание. Иако, непромислен флерт би можел да даде негативен резултат. Подобро чувајте ја својата приватност.
Хронични тешкотии.

Близнаци
Не би требало толку да го потенцирате своето видување на моменталната состојба. За вашето залагање не би требало да дискутирате со колегите кои не се сосема упатени во вашата работа.
Уживате во моментите на внимание со партнерот. Му се допаѓате на лице од непосредна близина, но тоа не би требало да ви биде важно, зарем не?
Чувајте се од повреди.

Рак
Колегите не ги одобруваат вашите идеи. Поради тоа одбегнувајте впуштање во работи со неизвесен исход и мешање во одлуки во чии фактори не сте упатени колку што треба.
Шестото чуло ви говори дека лицето кое ви се додворува не ја говори вистината и го крие вистинското лице. Уплашени сте поради нејасни постапки на некое лице.
Добро се чувствувате.

Лав
Сакате лидерска позиција и нагласувате дека вашите предлози се идеална варијанта за работа. Ви претстои мал конфликт со колега кој работите ги гледа од поинаков агол.
Премногу барате од партнерот и имате склоности кон претерување. Опуштете се и уживајте во она што го имате и што го заслужувате а тоа е вашиот партнер.
Повеќе шетајте.

Девица
Сакате да го восхитите својот колектив или претпоставени. Во некои случаи за конечниот исход и добивањето пофалби одлучуват финесите.
Лекомисленото впуштање во забава би можело многу да ве чини. Посветете се на некој кој ви овозможува емотивна поддршка.
Можни се проблеми со кожата.

Терезија
Денес постигнувате се’ што сакате. Водени со своите инстинкти, но и искуство се’ свртувате во своја корист. Следат пофалби.
Освежување и прекинување на монотонијата во врската. Партнерот нема да може да ви каже не за било што што ќе му предложите. Искористете го овој ден за одење во природа или на базен…
Проблеми со варењето.

Скорпија
Тежнеете кон тоа да водите главен збор за се на работното место. Не дозволувајте премногу мешање од други во прашањата врзани за пари.
Немојте да му терате инает на партнерот и да се фаќате за минимални работи. Разговорот решава се, а денеска партнерот ќе разбере се’ што ќе му кажете.
Добро се чувствувате.

Стрелец
Во колективот има несогласувања, но ќе се фатите во костец со денешните тешкотии. Колегите ви веруваат и го ценат вашиот професионализам.
Партнерот ве вознемирува со своите плашливи но и дрски постапки. Не влегувајте во расправа, моментално партнерот е во негативна фаза но и тоа ќе помине.
Нервозни сте.

Јарец
Имате намера потесен круг од колегите да преориентирте во правец кој би бил најисплатлив. Но, непредвидените случувања претставуваат препрека.
Ќе бидете принудени да испочитувате некои начини на соживот. Мислете повеќе на чувствата на партнерот како што тој мисли на вашите.
Добро се чувствувате.

Водолија
Се криете од претпоставените кои често ви упатуваат забелешки. Се’ може да се реши со договор. Денеска не размислувајте за работата, оставете го тоа за утре.
Бидете внимателни и со повеќе респект во разговорот со партнерот бидејќи со некои зборови би можеле некого да повредите иако не сте имале такви намери.
Добро се чувствувате.

Риби
Имате одлична професионална идеја, но сега нема можности во целост да се реализира. Ви треба малку трпение и ќе дојде вашиот момент.
Партнерот и вие денес имате сосема различни приоритети иако желба за доказ на љубовта е присутна и до двете страни. Нема да биде лесно да се постигне рамнотежа.
Можна главоболка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Со само-тепање до исчистување од гревовите: Тешко да се замисли каква е крштевката!

Деновиве се појави видео, веројатно снимено во џамија, каде има само мажи кои самите се …