(ФОТО) Ангелина Џоли ја загубила битката со Бред Пит: Судијата смета дека глумицата им наштетува на децата!

Бред Пит отсега ќе може да им се јавува на децата кога сака и да им испраќа СМС без Џоли тоа внимателно да го контролира, како порано. Мадокс (16) единствен има право да одлучи колку време сака да мине со таткото…
Глумицата Ангелина Џоли (43) би можела да го загуби примарното старателство над децата, шесте деца кои ги има со сопругот, колегата Бред Пит (54), пишува американски ТМЗ. Џоли барање за развод предала во септември 2016. година а судијата кој ја води парницата смета дека таа би требало да му дозволи на Пит почесто да ги гледа децата.

Парот ги има синовите Мадокс (16) и Пакс (15), ќерките Захара (13) и Шилох (11) и близнаците Вивиен и Кнокс (9) и судијата истакнув дека однесувањето на глумицата е штетно за нив. Дозволил попопустливи услови на контактите на децата со таткото и така Бред ќе може да им се јавува кога сака како и да им испраќа СМС без Џоли тоа да го контролира, како досега.
Судијата го променил и распоредот за лето и Бред во средината на јуни во Лондон ќе ги гледа децата 10. дена по ред. Со едно или две деца ќе смее да мине по четири часа дневно. Кон крајот на јуни глумецот има право на 10. часови со децата – секој ден. Во почетокот или средината на јули Пит ќе смее со нив да мине четири дена по ред, а кон крајот на истиот месец судијата дозволил децата да бидат седум дена кај него во Лос Ангелес.

Ангелина сепак смеела децата да ги одведе на снимање на филмот „Злобничка 2“ во Лондон, иако судот тоа во почетокот го забранил. Тие шестмина ќе бидат под надзор на детски психолог,за време на посетите на таткото Бред Пит во Велика Британија каде глумицата моментално изнајмила куќа.
Кога децата ќе бидат кај таткото во Лос Ангелес Ангелина ќе може да им се јавува еднаш дневно. Иако судијата наредил колку Бред ќе биде со децата исклучок е 16. годишниот Мадокс кој според возраста има право да одлучи колку време ќе минува со таткото.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Елена Ристеска во „Еден на Еден“: „На шега секогаш пеам нешто нетипично за мене!“

Фановите на Елена Ристеска наскоро ќе можат да купат производи од нејзината линија на препарати. …