Дневен хороскоп за среда (13.06.2018):Не се плашете од денешните емоции без оглед дали ќе ви донесат радост или тага!

Денеска небото подготвило големи изненадувања. Среда е, довчерашните мир и хармонија прераснуваат во нешто сосема поинакво. Меркур влегува во Рак, додека Венера полека се подготвува да влезе во Лав! Меркур, влегувајќи во Рак со Уран ќе оформи секстил, што значи дека почнува наплив од емоции, без задршка, контрола, страв. Едноставно, ќе се измешаат убавите и оние лоши работи, па е можен дожд од солзи како од среќа така и од тага. Љубовните односи не се актуелни, бидејќи Венера е при крај во Рак, и остануваат само сеќавањата кои повремено предзвикуваат реакција. За љубов стрпете се до наредниот ден, кога Венера ќе влезе во Лав!
Ви посакуваме пријатен ден!

Овен
Проучете ги добиените сугестии кои се битни за професионален договор. Се плашите дека колегите кријат нешто од вас, но постапете во склад со принципите.
Дистанцирајте се од лицето кое се поигрува со вашите чувства и кое докажало дека не треба да му се верува.
Минлива напнатост.

Бик
Нудите одлични солуции, но извесни колеги внесуваат нервоза и ве успоруваат. Покажете разбирање и за тоа.На колегите им изгледате вонезмирено и невозно.
Кога станува збор за љубовта постои некој за кого сте створиле нереална слика. Овие денови таа слика би можеле да се промени и пријатно да ве изненади.
Земајте витамини.

Близнаци
Ниту една ситница не може да ви избега. Во состојба сте одлично да ја разгледате сегашната состојба. Објективни сте иако на колегите им изгледате по малку замислено.
Премногу се сомневате во партнерот и создавате беспотребна непријатност.Опуштете се и не создавајте теории на завера во главата.
Добро се чувствувате.

Рак
Извесен деловен состанок ќе има феноменален исход. Согласете се на понудената алтернатива бидејќи се покажала како исплатлива.
На партнерот покажете му повеќе разбирање и љубов. Мислете на она што и на двајцата ви одговара, а не само за себе. Овој викенд поминете го далеку од дома.
Добро се чувствувате.

Лав
Се соочувате со доста комплициран деловен потфат. Повеќе би сакале да го оставите за некое друго време, но сега тоа е невозможно.
Проблемите со работа ќе се одразат и на љубовен план па би био добро да не се впуштате лесно во расправии. Преку викенд опуштете се и одморете.
Нервозни сте.

Девица
Колегите се согласуваат со вашето видување на ситуцијата и тоа ви влева оптимизам. Битно е да останете на таа успешна скала.
Партерот денес нема да биде во можност да излезе во пресрет на вашите желби. Почекајте и ќе видите дека се’ ќе биде како што треба.
Проблеми со кожата.

Терезија
Кај проверени извори рспрашјте се за поедностите врзани за деловен потфат кој е понуден. Стимулирајте ги колегите на подобра работа и потенцирајте ја алтернативата која е најисплатива.
На емотивен плна можни се мали осцилации. Сакате да кажете се’ што мислите, и’ направете го тоа, ќе ви годи и’ вам и на вашата врска.
Добро се чувствувате.

Скорпија
Пропагирате лични професионални планови. Пристапете на проверен професионален метод. Побарајте помош од колега со авторитет.
Некој тајно ве набљудува со симпатии, размислете кој. Лицето кое го сакате дава се од себе максимално да ве поддржи.
Повеќе одморајте.

Стрелец
На колегите би можеле да им излезете во пресрет, но не на своја штета. Секој мора да го даде својот предвиден придонес. Бидете колегијални, но придржувајте се до своите принципи.
Лицето кое го сакате моментално ве става на некој вид тест. Дајте се од себе да ја прекинете монотонијта, викендот може да биде совршен за тоа.
Земајте повеќе течности.

Јарец
Бидете повнимателни во своите изјави и избирајте зборови. На работното место се случува нешто во што не сте сосема упатени.
Немате милост кон партнерот или лицето чии симаптии сте ги освоиле. Убаво, само продолжете да го подарувате своето срце, на партнерот му годи тоа.
Добро се чувствувате.

Водолија
Непоправливи сте и најмногу верувате на своето видување на ситуацијата на работното место. Но, уморни сте и ви недостасува енергија да придонесете на зацртаните идеи.
Во дилема сте за лицето кое отворено флертува со вас. Криете нешто од партнерот, што никако не е за пофалба.
Проблеми со грлото.

Риби
Битно е да го одржите статусот кој го имате во колективот. Се борите со вредна работа и залагање. не сте задоволни со постигнатото, но ниту вашите колеги немат подобар успех.
Уплашени сте и се грижите. Имате чувство дека партнерот ве запоставува.
Добро се чувствувате.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Со само-тепање до исчистување од гревовите: Тешко да се замисли каква е крштевката!

Деновиве се појави видео, веројатно снимено во џамија, каде има само мажи кои самите се …