(ВИДЕО+ФОТО) Време е за финале: Може ли Тим да го загрози Надал?

“No, hombre, Rafa Nadal!“, се расправал со себе десеткратниот освојувач на Ролан Гарос, откако топката после една силна бехенд паралела завршила во мрежата…
Тоа не била ретка сцена во саботата на теренот 4., Надал бил нервозен и промашувал повеќе отколку би сакал, но ако историјата не научи на нешто, тоа е дека Шпанецот умее да се избори со нервите.
Ден пред големото финале тренирал час и пол и тоа пред преполни трибини (на теренот покрај загревањето на Слоун Стивенс го следеле едвај 15. луѓе), а првиот час бил многу интензивен. Од другата страна на мрежата стоел неговиот тренер Карлос Моја, исто така некогашен освојувач на Ролан Гарос – немало многу трчање во полн спринт, но имало местење на топката и удирање со сета сила.

Во маичка без ракави и со сериозен израз на лицето Рафа не се штедел, секоја топка ја удирал со сета сила, но неколку пати гласно искажал незадоволство. „Добра“, извикнал Моја после еден ритерн на Надал кој
завршил на линијата. Следело смеење, едно од неколкуте за време на тренингот на Рафа.
„Не е точно“ рекол мислејќи дека Карлос само сака да му го поправи расположението. „Не, навистина е добра, еве ти трага“.
На форхендите и бехендите, т.е. влегувањето во рутина, било посветено најмногу внимание, 15. минути Надал минал на мрежата вежбајќи волеи и смечеви, а последните половина час сервиси и ритерни во нешто побавен
ритам. Првичниот план секако бил да се тренира еден час, но тоа е Рафа…

Надал на Ролан Гарос има скор од 85-2, а Тим ќе го игра своето прво Грен слем финале откако во првите две бил запрен во полуфиналето, и тоа многу лесно од Ѓоковиќ и Надал. Покрај Томас Мустер кој во Париз во 1995. година ја освоил титулата, тој е единствен Австријанец кој дошол до финалето на Грен слем турнир..
„Играм со Рафа, така што не мислам дека јас сум тој кој треба да чувствува притисок“, се насмевнал Тим, но сигурно дека нема да му биде сеедно во големото финале. Сепак, тремата ќе мора што побргу да ја
заборави бидејќи почетокот е исклучително важен.

Меѓутоа, Тим е јак како бик, има кондиција да одигра два меча во низа и тоа е првиот предуслов да се совлада Надал во маратонот.
„Мене ми се чини дека најголем проблем е што останатите не веруваат во себе во смисла дека се физички подготвени со него да се борат пет сета. Тоа од стартот ги става во непријатна положба – да се загуби првиот сет и веднаш помислуваат ’ооо, нема шанси сега да освојам три сета, не сум физички доволно јак тоа да го направам. Кога еднаш некој ќе сфати дека мечот не е готов до последниот сет, тогаш ќе игра добро против Рафа“ рекол Јевгениј Кафелников пред неколку дена.

Сите девет досегашни пресметки се одиграле на земја, Надал води со 6:3, а Тим е единствен кој во последно време успева да му парира – во 2016. година го победил во Буенос Аирес, минатата во Рим, а оваа во Мадрид каде додуша на Надал традиционлно најмалку му одговараат условите.

„Тој е голем фаворит против сите. Сепак, знам како треба да играм против него, имам план и ќе се потрудам тој да успее и тука, иако се игра на три добиени сета, а не само во Мадрид и Рим. Би требало да ми помогне и искуството со кое се здобив играјќи тука против Рафа“ истакнува 24. годишниот Австриец.

Според моменталната временска прогноза има големи шанси за дожд, но времето во Париз е многу непредвидливо.
11. Ролан Гарос и 17. Грен слем за Рафа или првенец за Тим? Големото финале се игра во недела во 15. часот со директен пренос на Еуроспорт и МРТ1.
Не го пропуштајте.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …