(ВИДЕО+ФОТО) Неповторливиот Рафаел Надал: По 11. пат го покори Ролан Гарос!

Шпанецот Рафаел Надал по 11. пат во кариерата ја освои титулата во Ролан Гарос. Неверојатниот Шпанец во финалето на Грен слемот во Париз го победи Доминик Тим со 6:4, 6:3, 6:2, за два часа и 44 минути и така ја продолжи апсолутната доминација на земја.

Шпанецот одигра уште еден феноменален меч против ривал кој беше на врвно ниво. Публиката на „Шатрие“ можеше да ужива, а „кралот на земја“ од почетокот до крајот на мечот диктираше темпо не дозволувајќи му на Тим посериозно да му се закани и суверено дојде до 17. Грен слем трофеј во кариерата.

Рафа со одбраната на титулата во престолнината на Франција го задржа првото место на светската АТП листа.
Надал со неделниот триумф стана само второ лице на кое му успеало да освои 11. трофеј на еден Грен слем. Претходно тоа и успеало само на Маргарет Корт на Австралија Опен.

Во исто време Надал стана прв тенисер во Open ерата кој освоил 11. титули на три различни турнири, кои, исто така, припаѓаат на различни категории. Оваа сезона Шпанецот веќе по 11. пат ги крена пехарите во Монте Карло и Барселона.

Австријанецот дебитирше во Грен слем финалињата и е единствен играч кој успеал да го совлада Надал на земја во последните две сезони, минатата година во Рим и оваа во Мадрид.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …