(ФОТО) Девојката на Бордејн, Асиа Аргенто, минатата недела снимена во прегратка на друг маж!

Веста за смртта на најпознатиот светски гастро-патеписец многумина шокирала, а само неколку дена пред да си ги одземе животот со бесење, неговата девојка е снимена во Рим во прегратка на друг маж.
Ентони Бордејн (61) во врска со Асиа Аргенто (42), една од првите глумици кои го обвиниле Вајнштајн за силување, бил повеќе од една година, а се запознале на снимањето на епизода од серијата „Parts Unknown“.
Во почетокот на неделата се појавиле фотографии на Асиа Аргенто со новинарот Хуго Клемент како на улиците на Рим се држат за рака додека Бордејн снимал во Франција.
Фотографиите кои фрлаат друго светло на трагичниот настан момете да ги видите подолу.

Само пред неколку недели Асиа Аргенто одржала моќен говор во Кан, каде во текот на филмскиот фестивал го нападнала Харви Вајнштајн, чиј голем критичар бил и Бордејн.

loading...

Just prior to dropping a tactical nuke into the ceremony at #Cannes @asiaargento goes all in with an eviscerating “J’accuse!” speech to a stunned, deeply uncomfortable audience.

A post shared by anthonybourdain (@anthonybourdain) on


Француските таблоиди се распишувале дека двојката е во врска, но немало и службена потврда.Особено што пред помалку од две недели италијанската глумица објавила романтична фотографија со Бордејн која не сугерира дека двојката имала некакви проблеми во врската.
Асиа Аргенто, новата членка на италијанската верзија на „Икс фактор“ после смртта на дечкото замолила за приватност.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ниплпипл, Луфтанза, Хајка, Кантон6 и најпознатите скопски диџеи на фестивалот „Градот ме тера да пеам“

Утревечер (сабота), со почеток во 21 часот, во МКЦ ќе се одржи 12то издание на ПМГ …