Дневен хороскоп за недела (10.06.2018):Денес императив е релаксација на вашиот ум и тело – се’ друго нека почека!

Денеска Месечината влегува во Бик така што, драги наши, време е за одмор и ден испириран со позитивна енергија, ден совршен за излежување.Препуштете се на мирот и одморот на сите свои чула и уживајте
првенствено во тишината, бидете хедонист на еден ден. Угодете си себе,вие најдобро знаете што навистин ви годи.Месечината во Бик не дозволува непотребно да ја трошите енергијата доколку не види вистинска цел и значење. Денес е таков ден што императив е релаксација на вашиот ум и тело. Се’ друго нека почека.Вашиот мир и уживање не смеат да бидат занемарени.
Уживајте во денешниот ден!

Овен
Се наоѓате во дилема помеѓу две деловни можности. На крајот, ќе се покаже дека ниту една од нив не ги задоволува вашите основни критериуми или интереси.
Нема потреба премногу да се истакнувате во непознато друштво. Занесот лесно умее да залаже. Своето внимание посветете го на блиско лице и заедничките теми.
хронични тешкотии.

Бик
Наместо аплауз или пофалба во име на заедничкиот успех, до вас допираат неодредени коментари и нечија критика. Немојте да дозволите да ве испровоцираат нечии постапки или невистини. Сочувајте ја присебноста на духот пред соработниците.
Ќе морате да имате повеќе разбирање за саканото лице. Има работи кои не можат лесно да се објаснат и затоа бидете трпеливи.
Ќе ви годи прошетка.

Близнаци
Договорот со едно лице укажува на можен неуспех или на деловно промашување. Сепак не можете многу да промените во своја корист, освен достоинствено да прифатите пораз како поучно искуство и нова прилика.
Во средбата со саканото лице делувате сомничаво, Не сакате однапред да давате големи ветувања. Користете ја својата омилена тактика.
Немате кондиција.

Рак
Нова непријатност или судир со едно лице ќе ве натера работите да ги набљудувате со други очи. Важно е да не се занесувате со деловните теми кои претставуваат потенцијален ризик.
Забележувате дека вашите желби или пораки не допираат до партнерот. Не сакате некој да ве држи во своја сенка или во емотивна неизвесност.
Добро се чувствувате.

Лав
Исходот во деловните планови кои ги имате во поголема мерка зависи од нечие влијание и затоа бидете искрени пред едно постаро лице. Немојте да дозволите кај вас да превладее суета и порив за победнички триумф.
Морате да имате доволно трпение за своето семејство како и за различни проблеми со кои се соочува саканото лице. Можеби некои до вас очекуваат многу повеќе отколку што тоа го претпоствувате.
Земте витамини.

Девица
Важно е да направите добар избор и правилно да се заштитите од негативните влијанија. Немојте да дозволувате лошиот дијалог негативно да се одрази на ниво на деловна соработка или на резултатите кои ги очекувате од заедничките акции.
Побарајте нечие разбирање и емотивна поддршка. Нема причина премногу да фантазирате за работи кои се далечни и недостижни.
Многу сте напнати.

Терезија
Се’ правите најдобро што можете, но секогаш има некој кој ве критикува. Потрудете се да ги надмудрите своите соработници кои ви поставуваат потешки услови или ненадејно создаваат дополнителни компликации.
Важно е вашите идеи и емотивни интересирања да наидуваат на позитивен одговор. На вас е да заведете едно лице кое ви се допаѓа.
Добро се чувствувате.

Скорпија
Нема причини да очекувате нечие покајување за деловните постапки. Бадијала инсистирате на вистината за која другите не сакаат јавно да зборуваат или да се изјаснуват во ваша полза.
Бидете внимателни пред саканото лице. Секој гест на искрено внимание делува анимирачки и претставува вовед во заедничкото уживање.
Ќе ви годи релаксација.

Стрелец
Доколку некој ве повредил со лоши постапки или недолично однесување, контролирајте го своето незадоволство. Деловните ситуации не треба да ги доживувате многу емотивно.
Бидете доволно искрени пред саканото лице. Понекогаш ниту големи зборови не се доволни и затоа немојте да штедите на своите чувства и покажете дека го правите тоа што го ветувате.
Хранете се поздраво.

Јарец
Во средбата со соработниците има различни недоразбирања и тоа ви дава за право да инсистирате на вистина. Доколку ви е важно да ги остварите своите цели и забележан успех, во одредени ситуации покажете повеќе енергичност.
Делувате несигурно. Потребно ви е нечие емотивно охрбрување. Слободно изразете ги своите желби или чувства кои ги потиснувате.
Можна главоболка.

Водолија
Постојат отежувачки околности кои не можете да ги заобиколите. Барате полесно решение но се’ што се обидувате не донесува позитивен ефект. Некој ви дава до знаење дека нема премногу разбирање за вашите деловни зафати.
Одбегнувајте нова расправија во средбата со саканото лице. Моменталната позиција не можете да ја промените во своја корист.
Ќе ви годи прошетка или престој во природа.

Риби
Делувате незаинересирано за различни прашања кои ви ги поставува едно постаро лице. Мноштвото работа се обидувате да ја завршите самостојно и во склад со личните интереси. Сепак, ви недостасува објективна проценка.
Немојте на саканото лице да му давате избрзани или големи ветувања. Постои можност ненадејно да го промените своето мислење.
Добро се чувствувате.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Поради дечко кој ја измамил ослабнала 25. килограми и станала вистинска „секс бомба“

Додека некои жени по прекинување со дечкото паѓаат во депресија, особено ако причина за раскинуавњето …