Дневен хороскоп за сабота (09.06.2018):Пријатен ден со добар план за по дома, или енергијата ќе ја употребите во физичка активност – изборот е на вас!

Денешниот ден ќе мине без егзактни планетарни аспекти, а додека енергијата на Месечината од Овен не премине на Бик ќе имате постојана потреба да завршувате, чистите, подготвувате,а на полето на комуникации да објаснувате до недоглед на крај и на себе нејасни. Можеби е подобро тој вишок енергија да го потрошите на физичка активност. Доколку се фатите за некоја работа внимавајте, од замката, да не упаднете во хаос, туку обидете се однапред се’ да испланирате и да се придржувате до распоредот, секако и тоа што ќе го започнете да го завршите до крај.
Ви посакуваме пријатен ден.

Овен
Наивно верувате во нечија приказна и не ги проверувате новите информации кои влијаат на завршните резултати во деловната соработка. Сепак, губитокот со кој се соочувате не е од посебно значење.
Тешко ви е да се соочувате со своите емотивни слабости а потребна ви е објективност во мислењето. Доколку сте слободни повнимателно анализирајте го лицето кое ви се допаѓа.
Можни се проблеми со кожата.

Бик
Не треба премногу да се оптоварувате со нечија приказна или да се грижите за своите деловни интереси. Околината помогнува во заедничкиот успех и некој се обидува да ви обезбеди одредени повластици или подобри материјални услови.
Доброто претувство кое го имате навестува возбудлива забава или нова емотивна средба. Опуштете се во нечие блиско друштво.
Добро се чувствувате.

Близнаци
Пораката која ја добивате можете да ја сфатите на различни начини и поради тоа обидете се да ја согледате онаа позитивна страна. Потребен ви е дополнителен ентузијазам и поддршка на различни соработници за да своите обврски ги завршите во зададениот рок.
Морате однапред да ги познавате основните љубовни правила пред да прифатите нечија игра на заведување или нов предизвик.
Проверете ја крвната слика.

Рак
Потребно е да направите добар избор, но постојат ненадејни ситуации кои ја отежнуваат деловната проценка. Обрнете внимание на нечија реакција.
Имате големи очекувања, меѓутоа партнерот често ги прикрива своите намери. Задоволство е кога нешто правите во име на заедничка радост и среќа.
Потребен ви е одмор.

Лав
Некој од соработниците тактизира и разработува деловна стратегија, а вам ви преостанува да се бавите со практичните аспекти и да преземете иницијатива.
Кога и да ви се укаже некоја ненадејна прилика прифатете ја најдобрата понуда.
По малку делувте носталгично и премногу размислувате за нечие отсуство. Чувствувате емотивна жал за некои пријатни или далечни спомени.
Добро се чувствувате.

Девица
Нема причина за деловните пропусти да ја обвинувате околината. Премногу изговорени зборови не донесуваат решение. Сталожено размислете за се и употребете ги своите дипломатски манири и практичниот памет.
Партнерот за разлика од вас најлесно ги решава и личните и заедничките проблеми. Сепак, вие не сакате да се наоѓате во нечија сенка и да прифатите пасивна улога.
Минлива напнатост.

Терезија
Доколку ви е важно да ја оправдате својата улога или професионални способности применете проверена тактика. Немојте да дозволувате да ве поколебаат нечии зборови и почетни компликации.
Вашите желби можат да се остварат под услов и’ да делувате доволно инспиративно, заводливо и сугестивно на саканото лице.
Повеќе спијте.

Скорпија
Нема потреба да се споредувате со својата околина или да влегувате во сериозна расправа. Важно е да ги испочитувате основните морални начела, наместо да се докажувате пред соработниците кои применуваат различни деловни критериуми.
Претерувате со своите барања кај саканото лице. Треба да знаете да уживате во малечките работи. Сочувате ја вистинската мерка на вредностите.
Посетете стоматолог.

Стрелец
Делувате многу снаодливо во различните ситуации. Имате добро претчувство и на повидок се одлични резултати кои ја потврдуваат вашата позитивна улога пред соработниците.
Доколку посакувате емотивно доживување направете се’ што е потребно да привлечете нечие внимание. Инспирирајте го својот партнер на возбудлива забава. Секогаш е добро да се проба со некоја добра идеја.
Добро се чувствувате.

Јарец
Со неколку добри потези можете да направите повеќе отколку вашите соработници. Придржувајте се до правилата за успех, за тоа не треба многу да се зборува, туку треба успешно да се делува.
Некој дополнително ве интригира или го привлекува вашето емотивно внимание повеќе отколку што сте подготвени да признаете. Делувајте по малку таинствено.
Се наоѓата во одлична форма.

Водолија
Повеќето настани ги толкувате на себе својствен начин и упорно ги игнорирате ситуаците кои не се вклопуваат во вашите деловни проценки. Нема причина да одбивате предупредување кои ви ги испраќаат вашите блиски соработници.
Ако партнерот нема доволно разбирање за вашите потреби,е прашање кому треба да му се обратите за емотивна поддршка.
Ќе ви годи одмор или психо-физичка релксација.

Риби
Делувате сомничаво и немате доволно доверба во одредени соработници. Нема потреба гласно да зборувате за своите деловни планови.
Одбегнувајте ситуации за кои немате доволно трпение и немојте да го загубите разумот во средбата со едно атрактивно лице.
Конзумирајте повеќе течности.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Со само-тепање до исчистување од гревовите: Тешко да се замисли каква е крштевката!

Деновиве се појави видео, веројатно снимено во џамија, каде има само мажи кои самите се …