(ФОТО) Омилено хоби: Преслатката принцеза Шарлот веќе тргнала по стапките на својата баба, принцезата Дијана

Второто дете и единствената ќерка на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон, принцезата Шарлот е веќе вистинска миленичка на јавноста. Воодушевува со секое свое појавување, а веруваме дека сите ќе ја засакаат повеќе кога ќе дознаат дека веќе тргнала по стапките на својата почината баба, омилената принцеза Дијана.
Младите наследници на британската круна уште од раното детство се преокупирани со бројни хоби активности кои се сметат за соодветни на нивниот статус и класа.Токму поради тоа сите кралски деца кога ќе тргнат во градинка запишуават и дополнителна активности за да ја развиваат својата креативност, но и спортска страна.

Принцезата Шарлот, средното дете на војводата од Кембриџ, од јануари оваа година тргнала во ексклузивната градинка „Wilcocks“ сместена блиску Royal Albert Hall. Градинката годишно се плаќа 11.200 долари за утринска и 6.900 долари за попладневна смена. Некои од дополнителните активности за тогаш тригодишната принцеза, освен играњето се и грнчарството, поезијата и танцот.
Омилен,како што во една пригода открила мајка и Кејт, и бил танцот. „Апсолутно го обожува“ рекла Кејт.
Љубовта кон танцот малечката принцеза очигледно го наследила од својата баба која немала можност да ја запознае, принцезата Дијана, која цел живот се бавела со разни танцови.


Дијана, уште како дете, тргнала на часови по балет, модерен и џез танц, а подоцна преку своите кралски ангажмани често знаела да се пофали со своите вештини.Така многумина памтат кога танцувала со глумецот Џон Траволта при посетата на Белата куќа, но и фамозниот перформанс со познатиот танчер Вејн Слип во Royal Opera Houseu во Лондон.
Дури и’ нејзиниот постар син, принцот Вилијам, во една пригода рекол дека неговата мајка била извонредна танчерка.

Од останатите хобија кои се ценат во палатата се уште јавањето и поло.
Кралицата Елизабета љубовта кон коњите и денес не може да ја скрие, па е познато дека најмил ангажман во годината и е популарната изложба на коњи која секој година се одржува во Виндзор.
Со коњите е поврзна од раното детство, кога со татко и уживала во јавањето. Елизабета таа своја љубов ја всадила и во својата ќерка, принцезата Ана, која потоа истото го направила и со својат наследничка Зара Тиндал.
Машкиот дел од кралското семејство пак ужива играјќи поло. Кралскиот спорт, како што го нарекуваат, не ги заобиколил ниту принцот Филип,принцот Чарлс, како ниту неговите синови принцот Вилијам и Хари. Се очекува и четиригодишниот принц Џорџ еден ден да биде врвен играч н овој племенит спорт.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Повторно заедно – Кели од Беверли Хилс сподели фотографија и ги воодушеви фановите на култната серија

Тие беа ѕвездите на култната серија од деведесеттите „Беверли Хилс 90210“ на авторот Дарен Стар, …