(ФОТО) Таа знае најдобро: Мајката „случајно“ открила каде Кристиано Роналдо ќе ја продолжи кариерата!

Кристиано секогаш исклучително ги почитувал мислењето и одлуките на својата мајка Долорес Авеиро. Поради неа дури ја оставил и манекенката Ирина Шајк, која, се претпоставува, не покажала доволно почитување кон неа.
Мама Роналдо сега се расприкажала и – ненамерно или не – ги најавила плановите на својот син…

Para mais tarde recordar…🇵🇹🌺💪🏆 #realMadrid #shampions #deusnocomando🙏


A post shared by Maria Dolores (@doloresaveiroofficial) on


Ситуацијата во Мадрид е исклучитлено напната и неизвесна. Кристиано Роналдо после освојувањето на третата Лига на шампионите во низа „зготвил“ ситуација и индиректно го најавил своето заминување од Реал. Во клубот сите се изненадени со неговата изјава, но засега молчат. Конкретни реакции од челниците на Реал Мадрид нема, но затоа од ПСЖ веднаш тргнале во акција и започнале да собираат пари за трансферот…
Се чини дека Роналдо е одлучен во намерата да си замине од Мадрид, а плановите на најдобриот светски фудбалер – намерно или случајно – ги открила неговата мајка Долорес Авеиро.

Que alegría sem fim 🙏🏻❤️

A post shared by Maria Dolores (@doloresaveiroofficial) on

Да појасниме, госпоѓа Долорес има огромно влијание на својот син,а Кристиано Роналдо секогаш исклучително ги почитувал нејзиното мислење и одлуки. Поради неа дури ја оставил и манекенката Ирина Шајк која своеврмено не покажала доволно почитување кон неа.
„Го сакам Париз, одам таму од време на време, а последен пат бев кога мојот син ја освои Златната топка“ рекла Долорес Авеиро во разговор за португалските медиуми и додала:

História 🌎🏆

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

🏆🏆🏆🏆🏆

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

„Но, искрено, повеќе би сакала да се врати во Манчестер Јунајтед!“
Секако, мама знае најдобро, само е прашање колку има вистина во нејзините изјави, а колку сето тоа е нејзина желба. Таа има влијание на Кристиано, секако, но дали баш толку да му одредува во која екипа ќе игра…
Кристиано Роналдо во редовите на Манчестер стасал многу млад (а мајка му често го посетувала), бил во нивната младинска школа, а за првиот тим играл од 2003. до 2009. година и одиграл 292. натпревари, освоил Лига на шампионите…

What a dream!!! 5 champions leagues 🏆🏆🏆🏆🏆

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …