(ФОТО Галерија) Сопругата на Алек Болдвин објавила фотографии 12. дена после породувањето и предизвикала бес кај јавноста!

После нејзините последни објави на нејзиниот Инстаграм профил, се чини дека повеќе ниту една жена не сака да слушне совет за враќање во форма бидејќи дотичната дама предизвикала голем бес. Сопругата на глумецот Алек Болдвин и инструкторка по јога, пред скоро две недели го родила своето четврто дете, а судејќи по фотографиите пред и после породувањето, 34. годишнта Хилариа изгледа како воопшто да не била трудна.
„Секое тело е поинакво, но верувам дека за се придонесува и останувањето во форма, колку е можно подолго. Имаше неколку моменти, кога за време на бременоста, навистина повеќе не сакав да вежбам, па морав себе да се присилувам. Упорноста ми помогна во тоа бидејќи телото бара внимание и движење“ напишала Хилариа.

9 months to 12 days postpartum (I took the photo on the right two days ago). Every body is different, but I believe in staying as active as possible. There were so many moments when I didn’t want to work out this pregnancy. Showing up is the most difficult challenge. I had to drag myself out and do even a little. Consistency helped me so much though…because the body wants attention and wants to be moved. So important for your circulation, your health, your happiness, and for your strength. I just started being able to workout yesterday. Slow and steady. Nothing crazy. Each birth is different and your doctor will be able to advise you on when you can begin. When you can, be patient with your body. You have been through so much and created something so precious. Know that day by day, movement by movement, you will regain your strength and feel amazing. #wegotthis2018

A post shared by Hilaria Thomas Baldwin (@hilariabaldwin) on

„Вежбањето е и тоа како важно за циркулацијата, вашето здравје, среќа и сила. Вчера и самата конечно почнав повторно да вежбам – полека и смирено, ништо диво. Секое породување е различно, а вашиот доктор ќе ви даде најдобар совет кога можете да почнете. Кога ќе добиете зелено светло бидете трпеливи“ напишала Хилариа Болдвин под двете споени фотографии на кои позира само неколку дена пред породувањето и 12. дена откако на свет го донела своето четврто дете.

И’ додека некои и честитале на храброста, давајќи и комплименти дека изгледа совршено, други ја нападнале сметајќи дека промовира нереалистични цели само неколку дена по породувањето, нешто што не и успева на секоја жена.
„Среќна сум што во времето кога го родив синот немаше социјални мрежи бидејќи веројтно би се убила кога би го видела овој пост“, напишала една следбеничка, додека друга додала:„Ова не е добра порака која им ја испраќаш на идните мајки, премногу си слаба и изгледаш нездраво“.
Со оглед на тоа дека Хилариа се опоравува и од воспалување на плуќа, многумина сметаат дека е неодговорно од неа што веќе почнала да трча, бидејќи за опоравување од таа болест се потребни 10. до 14. дена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 4.000.000 ЛУЃЕ ВО ШОК ГЛЕДАЛЕ ШТО И СЕ ЗАГЛАВИЛО МЕЃУ НОЗЕ: „Зачекорив, слушнав писок и видов нешто ЦРНО!

Една жена се згрозила откако открила жив лилјак кој виси од нејзиното меѓуножје откако го …