(ФОТО) Освета на Израелецот: Англичаните одбиле да му ја продолжат визата, а тој ќе го продава Челзи…

Рускиот милијардер, Роман Абрамович, сопственик на фудбалскиот клуб Челзи кој не успеал да ја обнови британската виза, во понеделникот (како што пишувавме) добил израелско државјанство и ќе се пресели во Тел Авив каде купил недвижнина“ објавиле израелските медиуми.
Абрамовиќ важел како еден од најбогатите луѓе во Велика Британија откако во 2003. година купил прволигашки фудбалски клуб. Неговата британска виза истекла минатиот месец, а процесот на обновување неовоабичаено се оддолжил. Британската влада одбила да го коментира овој случај.
Интернетската страница Ynet, кој припаѓа на најпродаваниот израелски дневен весник Yediot Aharanoth, објавила дека Абрмович, кој е Евреин, во понеделникот слетал во Тел Авив и ги примил документите кои го потврдуваат неговиот статус на израелски државјанин.
Израел му доделува државјанство на секој Евреин кој сака да се всели, а пасошот може веднаш да му се издаде. Со израелскиот пасош може да влезе во Велика Британија без виза за покус престој, но ако лицето сака таму да работи потребна е виза.
Односите помеѓу Лондон и Москва дополнитлено се затегнати од случајот на труење на рускиот двоен агент Сергеј Скрипало во март во британскиот град Солсбери. Британија прстот на вина го вперила во Русија која порекнува било каква вмешаност.
Абрамович редовно го посетувал Израел, а медиумите пренесуваат дека во стариот кварт на Тел Авив, блиску до морскиот брег, купил некогашен хотел. BBC пишува дека Абрамович ќе биде најбогат човек во Израел,а бројни Израелци сонуваат дека Русинот ќе вложи и во нивниот фудбал и од тамошните клубови ќе направи европски актери.


Таа вест поттикнала разни гласини дека Русинот би можел да се повлече од Челзи и да го продаде клубот. Да потсетиме, поради неиздавање на визата, неодамна не можел да присуствува на финалето на ФА купот помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед, а британскиот The Times пишува дека Русинот е подготвен да го продаде клубот откако британските власти одбиле да му издадат виза за престој поради што го загубил правото за работа во оваа земја.
Дека не се само гласини туку дека има сериозна можност Абрамович да си оди од клубот, покажува и фактот дека богатиот Русин го замрзнал проектот на реконструкција на Стамфорд Бриџ, во чие реновирање бил подготвен да вложи околу една милијарда фунти.

Клубот одлуката на Абрамович ја потврдил и на службените страници, а како причина навеле „неповолна клима за вложување“ и дека се стопирани сите планови околу реконструкцијата.
The Times наведува дека рускиот бизнисмен е многу блиску до одлуката да го продде клубот а бројката кој ќе ја бара е најмалку 1,2 милијарди евра.
Абрамовиќ во 2003. година го купил Челзи за 160. милиони евра и за 15. години во клубот вложил 1,14 милијарди евра.
Во тие 15. години Челзи освоил пет титули на првак на Англија, Лига на шампионите, Европската лига, пет трофеи во ФА купот и трофеи на Лига купот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Регистрирани се 96 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19 – Пријавени се три починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 …