Дали го осудувате: Зидан го напуштил Реал за 200. милиони евра!

Зинедин Зидан тврди дека ненадејно го напуштил Реал бидејќи не можел да пронајде мотиви за понатамошѓна работа и дека екипата со него на клупата повеќе не би можела да освојува титули. Меѓутоа, египетскиот милијардер Нагиб Савирис тврди поинаку.
Савирис тврди дека Зидан си заминал од Реал,после три години, бидејќи добил понуда вредна 200. милиони евра.
„Зидан ќе ја предводи репрезентацијата на Катар и со него започнуваат подготовките за СП во 2022. година, на кое Катар е домаќин.Плата од 50. милиони годишно, договор на 4. години“ тврди милијардерот кој важи за исклучително добро информиран кога станува збор за случувањата во земјите во заливот.


Катар во моментот е 101. екипа во светот, а селектор е Чан Чак Минг. Нстапот во 2022. година ќе им биде прв во историјата на светските првенства.
Зидан во Мадрид заработувал 10. милиони евра годишно. Со Реал освоил три Лиги на шампионите, два европски Суперкупа, две светски клупски првенства и по една Примера и Суперкуп на Шпанија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Џули во Белград дошла поради Ѓоковиќ – „Најдобар ден во мојот живот“

Еден од можеби најверните обожаватели на Новак Ѓоковиќ, Џули, го посетила Белград и ја искористилс …