Новак Ѓоковиќ:„Луѓето умираат од глад а јас да се жалам поради повреда!“

Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш ја покажал својата големина и ги замолил новинарите повеќе да не го прашуваат за повредата која ја имал
Новак Ѓоковиќ по којзнае кој пат ја покажал својата големина и ги замолил новинарите и сите луѓе кои го следат да не го жалат премногу поради повредата која ја имал.
Ѓоковиќ кој во последните 12. месеци имал многу проблеми со повредата на лактот, поради што паузирал шест месеци, па потоа и уште два после операцијата, смета дека има многу поважни работи од спортот.
Новак после пласманот во третото коло на Ролан Гарос истакнал дека би требало да се размислува и за поголеми проблеми.
„Сето тоа е индивидуална перспектив – може да биде многу тешко и може да биде многу лесно. Нема шанси да седам тука и да зборувам колку е тешко, кога има луѓе кои ширум светот умираат од глад“, рекол Ѓоковиќ за француски „АФП“.
Тој истакнал дека тенисот многу му пружил, и покрај проблемите со повредата.
„Како спортист морате да се соочувате со, би рекол, такви предизвици и да ги надминувате. Дали во тоа ќе успеете е прашање на работа, некогаш и среќа и околностите во кои се наоѓа. Не сакам премногу да зборувам за тоа што е тешко а што не е. Животот е прекрасен“ додал Новак.
Тој повторил и’ дека сега има други приоритети.
„Не сакам да бидам истата личност и истиот играч кој бев пред две, три или четири години. Сега имам поинаков живот – не е се’ во тенисот, како што беше порано“ заклучил Ѓоковиќ.
Во борбата за четвртото коло, во петок, го чека Шпанецот Роберто Баутиста Агут, кој исто така во три сета бил подобар од Сантијаго Хилардо од Колумбија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАТПРЕВАРИ ВО 16 И 20 ЧАСОТ – Осминафинале на Мундијалот: Французите апсолутни фаворити против Полјаците, Сенегалците се надеваат на чудо против Англичаните

Денеска се закажани два нови натпревари од осминафиналето на Светското првенство во Катар. Откако вчера …