(ФОТО) Роналдо се простил од Зидан:„Горд сум што сум твој играч“

Веста за ненадејното заминување на Зинедин Зидан од клупата на Реал Мадрид го шокирало водството на клубот, но не и играчите на европскиот првак.
Мадридска „Marca“ јавува дека одлуката на Зидан во соблекувалната одекнала „како бомба“ и дека играчите биле многу изненадени. Прво одлуката ја соопштил Серхио Рамос кој им ја пренел на соиграчите.
Зидан решил да замине само пет дена по освојувањето на третиот по ред наслов во Лига на шампионите.
Сеуште се шпекулира околу вистинската причина за заминувањето на Зидан, и дали тоа има врска со изјавите на Герет Беил и Кристиано Роналдо кои после финалето на Лига на шампионите најавиле можно заминување од Мадрид.
Зидан со Кристиано Роналдо имал одличен однос, наведува „Marca“, што се гледа во проштелните пораки на ѕвездите на Реал.
Се огласил и Кристиано Роналдо, кој последните денови бил на кус одмор пред заминувањето со репрезентацијата на Португалија на Светското првенство.

Solo siento orgullo de haber sido tu jugador. Míster, gracias por tantísimo.


A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on


Роналдо на Инстаграм објавил фотографија посветена на Зидан и напишал:„Горд сум што сум твој играч. Мистер, многу благодарам“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(АУДИО СНИМКА) ШОК! Протече СНИМКАТА од брза помош откако Болдвин ја усмртил колешката – Жена вреска и го обвинува ОВОЈ ЧОВЕК!

Слушнете што рекла помошничката сценарист! Невидена трагедија на филмскиот сет се случи кога актерот Алек …