(ВИДЕО+ФОТО) Имаат по 52. години: Трикови им се вода со оцет и брзо одење…

Тајни на добриот изглед: Глумицата Елизабет Харли кога е гладна не посегнува по грицкалки, туку по супа. Со производи за самотемнеење ги прикрива неправилностите на телото…
Славните убавици Брук Шилдс, Елизабет Харли, Синди Крафорд и Ким Дикенс со годините зачекориле во „Клуб 52“, а повеќето обожаватели им велат дека одлично изгледаат за својата возраст. Со помош на добри гени, како и по некој хирург, тие со години се придржуваат на строги правила за да го задржат младешкиот изглед.
Глумицата Брук Шилдс (52) неодамна се соблекла во костум за капење за да го промовира брендот „Swimsuits for all“ за жени на сите возрасти. На сметка на својот изглед добила многу комплименти, а нејзините нозе ги нарекле „божествени“.

„Една од моите најдраги рекреации е собниот велосипед во теретана. Возам
најмалку три пати неделно бидејќи за 40. минути возење согорувам 500.
калории. Таа вежба е одлична и за крвниот систем“ тврди глумицата која се прославила во 1980. година со улогата во филмот „Сината лагуна“.

“I want to be alone!” – Greta Garbo

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields) on

Брук по исцрпувачките тренинзи често оди на терапии за подобра циркулација и здрав проток на крвта со помош на „одело“ кое го навлекува на себе. Со такви третмани се пофалила и на фановите на социјалните мрежи.
„Освен што не пушам и не пијам се трудам да се наспијам, а се опуштам со
јога и медитација“ вели Шилдс.

Ah, the glamour of PT…

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields) on

Глумицата висока 183. снтиметри тежи околу 69. килограми, а се придржува до исхрана која и ја составиле нутриционисти.

„Пијам три литри вода,а одбегнувам сол.За појадок најесто конзумирам цеден сок од портокал и два тоста со мрмалад или нмаз од овошје. За ручек јадам многу зелелнчук и месо. Како ужина јадам варено јјце, а за вечера риба на скара и незачинета салата“ го опишала Брук својот најчест мени.

I learned my lesson last year… #SPF50

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields) on

Глумицата Елизабет Харли (52) не излегува од костуми за капење кои самата ги дизајнира, а се пофалила дека така облечена го шетала и кучето. Иако нејзиниот син Дамијан (16) протестира бидејќи „мама е постојано разголена и го срами“. Британката не се грижи за тоа.

Joyful dog walk ❤️🇬🇧

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) on

Харли тврди дека не сака да вежба и дека за нејзината фит линија е заслужно брзото одење и тоа секој ден по 30. минути, а од вежбите ги прави само оние за стомачните мускули.
„Секое утро пијам чаша топла вода со оцет од јаболко бидејќи е добро за метаболизмот и доброто варење и покрај себе секогаш имам шишенце со вода. Не јадам јагленихидрати, шеќер, ниту пијам газирани пијалоци и алкохол“ вели глумицата која е висока 173. сатиметри а тешка е 61. килограм.
Кога е многу гладна не посегнува по грицкалки, туку, вели по супа. Тврди дека во фрижидерот секогаш има подготвена супа и дека во текот на денот знае да изеде и по пет чинии.
„Уште една тајна на мојот изглед е во производите за самопотемнување. Со нив ги прекривам сите неправилности на телото“ вели Британката.

New bikini @elizabethhurleybeach @ooresorts 😘😘

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) on

Супермоделот Синди Крафорд (52) има линија како и во 90. ттите кога „жарела и палела“ по модните писти. Ја нарекле жена со најдобар младеж на светот, а починатиот музичар Принс и ја посветил песната „Cindy C“ во 1987. година во која пее дека го одбила.

@versace #metgala

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) on

Манекенката е висока 175. сантиметри и тешка околу 64. килограми,а се прослвила и со снимањето на четири фитнес видеа кои настанале во 1992., 1993., 2000. и 2001. година, а биле популрни и на нашите простори. Вежба три пати неделно и тоа најчесто наутро. Кружен тренинг за целото тело изведува со помош на тегови, справи и сопствената тежина во облик на исчекор и клекнувања.
„Обично десет минути вежбам со тегови, па пет минути изведувам кардио вежби“, вели Американката.

💪🏼💥

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) on

„За појадок главно конзумирам протеински шејк бидејќи е брзо готов. Тоа ми одговара бидејќи наутро брзам. За ручек јадам салата, понекогаш со пилешко, а понекогаш без ништо. За вечера обично одиме во ресторан на суши или јадеме дома“, вели Синди.

Back in the swing of things. Green juice anyone?

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) on

Кога станува збор за пијалоците најмногу пие обична вода, додека ретко конзумира други пијалоци поради „скриените калори“ во нив.
„Пијам и зелен чај. Некогаш пиев големи количества кафе, но морав да престанав поради проблеми со желудникот. Иако одбегнувам алкохол повремено сакам да се напијам текила, таа ги убива сите паразити“ се пошегувала Синди.

Xo 💋•

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) on

Холивудската глумица Ким Дикенс (52) која има една од главните улоги во актуелната четврта сезона на серијата „Fear the Walking Dead“ исто така се придржува до свој план на исхрана.

„Одбегнувам брза храна. Секое утро го започнувам со чаша вода во кој цедам кришка лимон“ вели глумицата висока 173. сантиметри и тешка околу 59. килограми. Додава дека до тој ритуал се придржува со години.
„Кога станува збор за вежбањето, не сум дисциплинирана, освен кога тоа од мене го изискува нова улога. Преферирам јога и трчање, но во добро друштво“, вели Ким.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

12. намирници кои треба да се јадат за појадок – ако сакате да ослабнете

Оброк кој е многу важен кога сакате да се храните здраво и да ослабнете е …