(ФОТО) Дечкото на Џорџ Мајкл може „да заборави“ на милионската вила

Минатата година Sunday Mirror дознал дека Фади, од семејството на починатиот Џорџ Мајкл, добивал 250.000 фунти месечно „џепарлак“, а повеќето пари ги трошел на патувања во Австралија
„Тажен е бидејќи мора да го напушти местото каде што тој и Џорџ минале многу убави моменти“ рекол пријател на фризерот Фадил Фази (45) за британски Daily Mirror. Фади е дечко на починатиот пејач Џорџ Мајкл кој починал на 25. декември 2016. година, со природна смрт предизвикана од кардиомиопатија, миокардитис и мрсен црн дроб.
„Овие денови дознал дека веројатно немаа да ја наследи вилата од дечкото туку дека таа ќе му припадне на семејството“ раскажал пријател на Фади. Фризерот живее во вилата на Џорџ вредна 11. милиони фунти, со три спални соби во лондонскиот Регент парк, каде пејачот починал.
Минатата година Sunday Mirror дознал дека Фади, од семејството на починатиот Џорџ Мајкл, добивал 250.000 фунти месечно „џепарлак“, а повеќето пари ги трошел на патувања во Австралија.
Фризерот врската со пејачот ја започнал во 2011. година и го придружувал на концерти ширум светот, а вилата во Регент паркот е еден од четирити домови кои Џорџ ги имал. Исто така поседувал имот во селото Горинг вреден околу пет милиони фунти кој неговото семејство имало намера да го
продаде, додека вилата во Регент парк имале намера да ја задржат.Исто така имал и стан во Лос Ангелес чија вредност е два и пол милиони фунти.
Во времето на смртта вредноста на имотот на Џорџ Мајкл се проценувла на 105. милиони фунти. Се очекува голем дел од имотот семејството да даде на хуманитарни организации на кои пејачот донирал пари во текот на неговиот живот.
Наводно на Фази издавачки куќи му нуделе милиони за да напише книга за последните часови на Џорџ Мајкл, а фризерот се пожалил дека светот се свртел против него по смртта на пејачот.
„Постојано читам лаги за нашата врска и јавноста преку ноќ ме претвори во чудовиште“ рекол Фади. Пријатели на починатиот пејач тврдат дека со Фади прекинал во 2015. година но дека тој само сака медиско внимание.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Германски вирусолог порачал дека вирусот нема да не напушти: „И’ догодина ќе мораме да се вакцинираме!“

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, вчера изјавил дека е …