(ВИДЕО+ФОТО) Подмолниот Серхио Рамос го нокутирал несреќниот голман на Ливерпул: Дали е тоа причина за катастрофалните грешки?

Лорис Кариус е трагичар на финалето на Лига на прваците.Направил две катстрофални грешки што Реал Мадрид го казнил со голови, а се појавила и снимка што е можеби причина на неговите несфатливи реакции…

Сите зборуват за Лорис Кариус, голманот на Ливерпул станал предет на исмејување на социјалните мрежи. Го распнуваат на сите страни, има тука и доста духовити постови кои алудират на неговите грешки, иако нему не му е до смеа, а има и грди реакции на поедини навивачи кои му посакале се најлошо а го допреле и неговото семејство.


Какво помрачување се случило во главата на германскиот голман па направил такви глупости во најважнииот натпревар на сезоната? На интернет се појавила снимка кој покажува детал кој се случил пред првиот погодок во кој Лорис ја фрлил топката на ногата на Бензема па Французинот поентирал.

Имено, во еден напад на Реал, Серхио Рамос, се нашол во близина на Лорис Кариус и со лактот силно го удрил во главата. Детал кој на многумин им избегал, но тој подмолен удар сигурно го вознемирил германскиот голман кој од тој момент со духот не бил на теренот.


И така, јунак од сенка е Рамос, всушност капитенот Рамос. Прво во еден дуел „ја испокршил“ првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах кој не можел да ја продолжи играта (нема да игра ниту на Светското првенство во Русија), а потоа подмолно со лакт го удрил несреќниот Кариус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …