(ВИДЕО+ФОТО) Паника во Реал: После прославата Роналдо објавил дека си заминува!

Фудбалерите на Реал ја освоија Лига на шампионите, трета година по ред, откако во финалето во Киев славеа против Ливерпул со 3:1.
Погодоците за Реал ги постигнале Бензема и Беил, додека за Ливерпул погодил Садио Мане. За два од трите гола на Реал директен виновник бил трагичарот на натпреварот, германскиот голман Лорис Кариус.

Кристиано Роналдо против Ливерпул немал своја вечер, головите за кралевите ги постигнале други играчи, но Португалецот сеедно се запишал во историјата на фудбалот освојувајќи го петтиот наслов на првак на Европа. Четири со Реал и еден со Манчестер Јунајтед. За споредба, Роналдо освоил ист број Лига на шампионите колку што имаат и Барселона, Баерн и Ливерпул.

После натпреварот Португалецот дал збунувачко интервју кое ги загрижило навивачите на Реал. CR7 во своите изјави наслутил дека планира да го напушти Мадрид.
„Беше убаво да се игра во Реал. Во наредните неколку недели ќе одговорам на сите прашања на навивачите кои секогаш беа на моја страна. Иднината сега не изглед важна. Прво морам добро да се одморам, а потоа ме чека СП со репрезентацијата. Ќе видиме што ќе се случи“ рекол Роналдо.
Капитенот на Реал, Серхио Рамос, подоцна ги коментирал изјавите на Роналдо и рекол дека мисли дека Португлецот говорел за минато време исклучиво во контекст на минатата сезона.
„Тој е наш клучен играч. Мислам дека за него не постои подобро место од Мадрид“ рекол Рамос.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …