(ФОТО) Лига на шампионите: Реал или Ливерпул: Познати составите на екипите?

Реал Мадрид и Ливерпул, некои од најголемите имиња на фудбалот, ќе се сретнат вечерва на Олимпискиот стадион во Киев, во финалето на Лигата на шампионите. Мадрид го лови 13. европски трофеј, а Ливерпул се вратил после 11. години и митскиот натпревар против Милан во Ливерпул.
Четврти пат во историјата еден клуб би можелл да земе трет наслов во низа, а Реал е единствен од нив кој тоа може да го повтори, после пет победи во низа од 1956. до 1960.Покрај Мадрид тука се и Ајакс и Баерн од 70. ттите години.
Зинедин Зидан, тренерот на Реал, може да стане прв тренер во историјата со три титули во низа, а пред него ниту еден тренер не ја одбранил титулата од Лига на шампионите.
Јирген Клоп ги загубил последните пет финалиња во кои се натпреврувал. Најавил дека против Реал нема да се брани.
Според последните најави, Реал Мадрид би можел да настапи во составот: Навас, Карвахал,Вран, Рамос, Марсело, Каземиро, Крос, Модриќ, Иско, Роналдо, Беил.
Кога станува збор за Ливерпул, англискиот клуб би можел да јуриша во овој состав: Криус, Александер – Арнолд, ван Дајк, Ловрен, Робертсон, Хендерсон, Милнер, Вијналдум, Мане, Фирмино, Салах.

Директниот пренос од нтпреварот можете да проследите на МРТ од 20.45. часот.
Погледнете ги снимките од последните тренинзи на Реал Мадрид и Ливерпул.




©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КАТАР – ЧЕТИРИ НАТПРЕВАРИ – На сцена, Аргентина, Мексико, Полска и Франција

Денеска на светското првенство во Катар продолжуваат натпреварите од второто коло по групи, поточно во …