(ФОТО) Формула 1: Пол позиција за Рикардо и рекорд на патеката во Монако!

Шестата трка на годинешниот шапионат на Формула 1, Големата награда на Монако, од пол позицијата, после одличното возење, ќе  ја стартува возачот на „Ред Бул“,  Даниел Рикардо … 

Даниел Рикардо доминацијата од слободните тренинзи ја преточи во пол-позиција, Австралиецот со рекорден круг низ улиците на Монте Карло се избори за првото стартно место
Даниел Рикардо се радува на втората пол-позиција во кариерата. По одличните изданија на слободните тренинзи, возачот на Ред Бул продолжи да доминира и во денешните квалификации.

loading...

Австралиецот во третата сесија извозе круг за 1:10.810 што е нов рекорд низ улиците на Монте Карло. Времето беше недостижно за конкуренцијата, Себастијан Фетел се доближи најмногу, Германецот во последниот брз круг постави време од 1:11.039.


Луис Хамилтон заврши како трет, а друштво во вториот ред ќе му прави Кими Раиконен. Потоа следуваат Валтери Ботас, Естебан Окон, Фернандо Алонсо, Карлос Саинц, Серхио Перез и Пјер Гасли.
Макс Верстапен по сударот во третиот слободен тренинг не ги започна квалификациите и утре ќе стартува од боксот.
Трката се вози во недела во 15.10 часот со директен пренос на ТВ24.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто некои луѓе нè НЕРВИРААТ БЕЗ БИЛО КАКОВ ПОВОД? Психолозите даваат објаснување!

Одговорот на ова прашање всушност лежи во нас самите Речиси секој знае некои луѓе кои …