(ФОТО) Дошол ред и на него: Осум жени го обвиниле славниот глумец за сексуално злоставување

Дури осум жени го обвиниле славниот холивудски глумец Морган Фримен за сексуално злоставуавње и непримерено однесување, кое се однесува на непримерено допирање, но и двосмислено коментирање на нивниот изглед. Веста за тоа ја објавил CNN, а по интернет се проширила како молња.
Во низата обвинувања кои последните месеци го погодуваат Холивуд, а кои започнале со обвинувањата н сметка на продуцентот Харви Вајштајн, сега на ред дошол и 80. годишниот глумец, Морган Фримен. Новинари на CNN интервјуирале дури 16. лица кои сите на ист начин го опишале шаблонот на непримерено однесување на холивудската ѕвезда на сетот, додека промовирал филмови, но и во својата продуцентска компанија Revelations Entertainment.
Една од соговорниците била и младата асистентка на продукцијата, која работела на сетот на филмот „Во голем стил“, во кој Морган Фримен глуми со Мајкл Кејн и Алан Аркин. Таа рекла дека глумецот ја злоставувал неколку месеци, велејќи дека ја допирал и го коментирал нејзиното тело и облека која ја носела, скоро секој ден и дека често својата рака би и ја ставал на долниот дел од грбот или би и го триел тој дел.
Во еден од „инцидентите“ дури, како што кажала, со сите сили се трудел да и го подигне здолништето прашувајќи ја дали носи долна облека, но не успел бидејќи таа се тргнала.
„Алан Аркин во еден момент му кажа да престане, а тој се преплаши бидејќи не знаеше што да каже“ рекла жртвата.
Слично минувала и работничка на продукцијта на сетот на филмот „Мајстори на илузијата“ која Фримен, заедно со неговата асистентка, повеќе пати ја злоставувал.
„Го коментирше нашиот изглед…нашите тела…Зневме како да се однесуваме ако тој доаѓаше – не носевме деколте н маичките за да не ни дојдат градите до израз, ништо тесно што би ни ги истакнувло облините“ открила.

Дека ниту новинарките од шоубизнисот не минувале подобро, откриле дури три, кои рекле дека Фримен имал непријатни улети за време на интервјуата. Една од нив, новинарка на CNN, Клои Мелес, се присетила на неговите непријатни коментари за време на нејзината бременост.
Славниот глумец сеуште не се огласил по сите обвинувања, а без зборови останале и неговите претставници за медиуми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Обожавател на Меси извршил самоубиство после поразот на Аргентина од Хрватска

Дину Алекс, голем навивач на Меси од Индија, извршил самоубиство откако го одгледал поразот на …