(ФОТО) Ангелина Џоли огорчена поради разводот од Бред Пит:Проблеми кои не може да ги реши!

Една од последиците на разводот од Бред Пит за Ангелина Џоли е долготрајната борба за старателство над нивните шест деца. Процесот трае скоро две години, а додека не се финализира, ниту едно дете не смее да ја напушти државата, што ги пореметува плановите на глумицата…
Американските медиуми донесуваат вест дека холивудската глумица Ангелина Џоли последните месеци се нашла во големи проблеми поради судската забрана нејзините деца да не смеат да ги напуштат САД. Проблемот станува поголем бидејќи се наближува нејзиното заминување во Лондон на снимање на филмот „Maleficent 2“, кога планирала со себе да ги земе и децата – 16. годишниот Медокс, 15. годишниот Пакс, 13. годишната ќерка Захара , 11. годишната Шилох како и деветгодишните близнаци Вивиен и Кнокс.
Напнатата ситуација на судот е резултат на разводот од сопругот Бред Пит и таткото на децата, а борбата за старателство се води уште од 2016. година.
„Тие се обидуваат да најдат решение, но Енџи не е среќна. По секоја цена сака да ги доведе децата во Лондон, додека трае снимањето. Целиот процес ја фрустрира и бара начин како тоа да го изведе. На сите околу неа веќе им станало напорно да слушаат за тоа“, изјавил близок на познатата глумица за Page Six.
И’ покрај недамнешните информации дека процесот на одредување на старателство е при крај, пресудата уште не е донесена.
„Двојката и нивните адвокати нашле заеднички јазик и ги договориле условите. Тоа е голем напредок со оглед на ситуацијата во која сопружниците биле кога се развеле. Сега сфатиле дека децата мораат да бидат во нормални односи“ додал истиот извор.
Освен тоа и’ самиот Бред во своето последно интервју рекол дека со сите сили се труди да биде подобар татко и зад себе да ги остави пороците кои и довеле од оваа несреќна ситуација.
„Среќен сум што сето тоа е зад мене. Ги оставив сите пороци кои го разорија моето семејство. Секоја недела одам на терапија и настојувам да им бидам подобар татко на моите деца“ рекол популарниот глумец а неговите пријатели потоа откриле дека тој не сака премногу јавно да ги експонира.
„Бред повеќе сака времето со децата да го минува дома. Исто така, сакал да биде што повеќе со нив отколку што моментално му е дозволено“ објаснил еден пријател на Бред Пит и рекол дека поради тоа купил куќа која е блиску до Ангелина, за да средбите со децата на сите им бидат што поедноставни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Калиопи: „Бившите мажи ми се најдобри пријатели“

Македонската поп пејачка не крие поединости од својот приватен живот. Отворена е по прашањето на …