(ФОТО) Секси Албанка и Вил Смит ќе ја пеат химната на Светското првенство во фудбал

Албанката Иштрефи е звезда во раст чиј денс хит „Bonbon“ имал голем успех во Европа во 2016. година, а соработувала и со раперот Френч Монтана

Оваа година службената химна на Светското првенство во фудбал, кое ќе започне од 14. јуни во Русија, ќе ја изведат глумецот и музичар Вил Смит (49), латиноамериканскиот пејач и кантавтор Ники Џем (37) и албанската пејачка од Косово, Ера Иштрефи (23).

Tb bcuz why tf not

A post shared by Era Istrefi (@strefie) on

Тоа за америкнскито портал Vibe го потврдил и продуцентот ДЏ Нелсон, кој додал дека Смит и Ники Џем пред неколку дена биле во Будимпешта каде го завршиле снимњето. Песната во јвност ќе се пушти на 25. мај.

Инаку, Смит во доцните 980. и 90. тти години покрај глумата бил и успешен поп рапер,прво во соработка со ДЏ Џеси Џеф, а подоцна самостојно.
На UK Top five се нашле дури девет негови песни, вклучувјќи ги ‘Boom! Shake the Room’ и ‘Men in Black’. Последниот албум ‘Lost and Found’ (нешто познато ми звучи) Смит го снимил во 2005. година, а минатата година повторно во соработка со Џези Џеф ја снимил и песната ‘Get Lit’.
Ники Џем е познат по хитовите „El Amante“ и „El Perdón“, а и двете песни на Јутјуб се преслушани повеќе од милијарда пати.
Иштрефи е ѕвезда во раст чиј денс хит „Bonbon“ имал голем успех во Европа во 2016. година, а соработувала и со раперот Френч Монтана.
На првенството во 2014. година Џенифер Лопез и Питбул ја извеле „’We Are One“ (Ола ола), а четири години претходно, 2010., хит на светското фудбалско првенство била „Вака вака“ на Шакира.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Елена Ристеска во „Еден на Еден“: „На шега секогаш пеам нешто нетипично за мене!“

Фановите на Елена Ристеска наскоро ќе можат да купат производи од нејзината линија на препарати. …