Дневен хороскоп за четврток (24.05.2018):Бикот се враќа во ритам, за Скорпијата нема граници, на Јарецот му треба совет, на Близнаците им се насмевнува заработувачка…

Овен
Ненадејно сте одлучиле да го промените работното место. И’ околината е затекната со вашата наглост.
Вие себе не си ги простувате грешките и поради тоа не можете во потполност да се опуштите и да уживате во новата врска.
Воспалување на увото.

Бик
Конечно сте се вратиле на вообичаениот ритам на работа. Периодот на тешкотии е зад вас и можете да се опуштите.
Со сите сили се трудите на партнерот да му покажете колку ви значи.
Нестабилен притисок.

Близнаци
Има шанси за зголемувње на приходите. Немојте да седите со прекрстени раце и да си дозволите да ви пропаднат приликите.
Една Терезија е заинтересирана за вас. Дајте и шанса.
Чувајте се од вируси.

Рак
Успешен ден за оние кои се бават со недвижнини. Обидете се да најдете начин да си обезбедите постојан прилив на пари.
Имајте на ум романтично излегување за да го освоите лицето кое веќе долго ви се допаѓа.
Здравјето не е лошо.

Лав
Поради одредени околности ќе морате да повлечете нови потези во работењето и да изберете приоритети.Оваа постапка ви е од големо значење.
Едно лице ви упатило конкретна понуда, одлуката е на вас.
Почнете диета.

Девица
Недостатокот на ентузијазам кој ве следел последните денови сега ви дава сила. Барајте нови решенија.
Немате забелешки бидејќи се’ е по ваша желба.
Строго придржувајте се до лекарските совети.

Терезија
Со вашиот тим имате најдобри намери. Меѓутоа, има лиц кои ги застапуваат само своите ставови и тоа ве нервира.
Се’ е во ред. Гордејте се што имате така совршена врска.
Добро се чувствувате.

Cкорпија
Некој во вас поттикнува креативна енергија и дополнителна мотивација за работата со која се бавите. Вашата околина има позитивна улога во различни ситуации и ви се чини дека имате добро решение за сите тековни проблеми.
Не можете да одолеете пред новите емотивни предизвици. Делувате шармантно и привлечно на партнерот или умеете вешто да заведете лице кое ви се допаѓа.
Склони сте кон алергии.

Стрелец
Во добра форма сте. Немојте да оклевате пред различните деловни предизвици кои ги предлагаат вашите соработници. Доволно сте способни да ги надминете просечните мерила и многу ефикасно да ги остварите своите цели.
Нема причина да се однесувате скромно во нечие друштво. Секогаш постои добар начин да го израдувате или усреќите саканото лице.
Вашата отпорност на стрес е засилена.

Јарец
Внимателно ги анализирате новите деловни случувања и донесувате разумни одлуки. Потребни ви се доверливи информации за да јасно ги дефинирате своите долгорочни цели.
Нема потреба да ги потиснувате своите чувства или намери. Партнерот добро знае на кој начин може да ве израдува или да ви угоди.
Во одлична физичка кондиција сте.

Водолија
Забележувте дека новите деловни настани внесуваат мали забуни во вашата околина. Повеќето соработници реагираат на препознатлив начин и без видлива корист.
Саканото лице го анализира вашето однесување и пронаоѓа нови забелешки, но вие немате доволно трпение да ги сослушате критиките.
Ќе бидете меланхолично расположени.

Риби
Некој се обидува да ве наведе на свои решенија, но вие сте доволно промислени и вешто одбегнувате деловни стапици или средба која ве наведува на дополнителни отстапки.
Мудро заобиколувате одреден тема или ситуација која не е по нечија воља. Немојте да ги потценувате способностите на партнерот бидејќи не е се’ секогаш едноставно.
Почнете да применувате психофизичка релаксација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Обид за спасување на кутрето од Кеј: Добрите луѓе на дело!

Денес во Скопје се случувала една спасувачка акција. Едно кутре „заглавило“ на платформа покрај Камениот …